Близу 19 милиони евра за 60 проекти за дуално образование од Западен Балкан. Инвеститор на проектите е Regional Challenge Fond (RCF) кој веќе го објави првиот повик за изразување интерес за поддршка на инвестиции во проекти за дуално образование. Повикот е отворен  за пријавување на проекти од шестте земји, членки на Коморскиот инвестициски форум од Западен Балкан. За поддршка на инвестициите во нашиот регион, Фондот ќе исплати 18,8 милиони евра до 2025 година. Целта е да се финансираат до 60 проекти за време на програмскиот период.

Близу 19 милиони евра за 60 проекти за дуално образование од Западен Балкан

Воведниот онлајн настан за првиот повик, Regional Challenge Fond го организира утре, 3. февруари. На нстанот се очекува да се соберат претставници на меѓународни и регионални организации, јавни институции задолжени за стручно образование и обука, стопански комори, претставници од стручното образование и компании.

По тој повод, Фридер Ворман, раководител на тимот на Regional Challenge Fond, ја посочи потребата на компаниите за квалификувани работници. Но, исто така и потребата- младите да ги развиваат вистинските вештини, што може да биде тешко во денешното предизвикувачко опкружување.

„RCF ќе помогне за премостување на овој јаз со финансиско вложување во опрема и инфраструктура за давателите на обуки, кои ќе се вклучат во активностите за кооперативно, односно дуално образование и обука со партнерски компании. Целта е  да им помогне на студентите да стекнат вештини прилагодени на потребите на компаниите. Да ги зајакнеме квалитетот и релевантноста на стручното образование и обука на пазарот на трудот преку промовирање на партнерства меѓу институциите за стручно образование и компаниите“, рече Ворман.

Надминување на јазот: образование-пазар на трудот

Дуалното образование  претставува комбинација на практична обука во образовните институции со учење преку работа во компании. Овој пристап се покажа како успешен во создавањето академски граѓани со практични вештини кои ги бара пазарот на трудот. Повеќето земји од Западен Балкан го препознаа кооперативното или дуалното образование како корисно за надминување на јазот помеѓу образовната понуда и побарувачката на пазарот на трудот, а Regional Challenge Fond е формиран за да обезбеди дополнителна поддршка.

Марко Чадеж, претседател на Коморскиот инвестициски форум за Западен Балкан како заедничка регионална комора и претседател на Стопанската комора на Србија, вели:

„Овој проект, започнат пред пандемијата, сега дополнително добива важност, бидејќи ќе овозможи и преквалификација и нови вработувања во компаниите и секторите кои претрпеа најголем удар од КОВИД 19. Компании кои работат со намален капацитет и кои мораа да го намалат бројот на работници и да претрпат сериозни структурни промени. Стопанските комори, членки наКоморскиот инвестициски форум  на западно балканската шесторка,  максимално ќе се ангажираат и ќе придонесат за вклучување во конзорциуми на компании од индустрии кои се клучни за развојот на секоја економија поединечно и регионот како целина. “.

Чадеж ги повика компаниите да се здружат со средните, високите стручни школи и факултети, и да конкурираат за средствата од Фондот. Заеднички да основаат тренинг центри,  кои ќе им овозможат на учениците и студентите да се запознаат со машините, опремата и алатите на кои ќе работат во реално работно опкружување – за време на доквалификација и подоцна кога ќе се вработат .

Пријавувањето за конзорциуми од шесте економии од Западен Балкан е отворено. Апликантот  треба да е составен од една институција за стручно образование и најмалку две компании. Првиот повик за изразување интерес е отворен од 1. февруари до 30. април 2021 година. Сите потребни информации може да се најдат на rcf-vb6.org.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.