По повод одбележувањето на 700-годишнината од смртта на Данте Алигиери (Фиренца, 1265 година – Равена – 1321 година), Италијанскиот институт за култура во Белград претставува онлајн аудио книга „Од темната шума до Рајот: патот низ Божествената комедија на Данте Алигиери на триесет и три јазици“.

Станува збор за аудио издание посветено на едно од најважните книжевни дела на сите времиња.

На српски јазик беше подготвена снимка од читањето на избрани извадоци од двајца голрми српски актери: Драган Вујиќ Вујке (кој исто така се најде во улога на режисер) и Јелена Гавриловиќ.

Роберто Синкота, директор на Италијанскиот институт за култура, ќе учествува во програмата во четвртокот (11 февруари), заедно со двајца уметници, а на крајот од презентацијата ќе бидат објавени линкови до сите 33 верзии на спевот.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.