Податоците од крајот на годината, кои доаѓаат од Обединетото Кралство, објавени од британската фонографска индустрија (БПИ) покажуваат дека продажбата на винили нагло се зголеми и покрај два lockdown-а, поради пандемијата, со напомена дека продажбата на грамофонски плочи расте веќе 13-та година по ред.

Новите бројки откриваат дека речиси секој петти (18%) од сите албуми купени во текот на 2020 година бил винил, а купени се 4,8 милиони long play плочи. Новите бројки се зголемија за 10% во однос на бројките од 2019 година, што е највисоко од процутот на Брит-попот, во раните 90-ти.

Само во толпата пред Божиќ, во САД се продадени повеќе од 1,8 милиони винили. Ова го урна рекордот поставен само една недела пред (10 – 17 декември), кога беа продадени 1,445 милиони. Продажбата на нови винили е најголемата неделна продажба во земјата, од почетокот на 1991 година.

Иако љубителите на музиката не можат да присуствуваат на концерти во живо, поради пандемијата продажбата на винили се зголеми за речиси 10% оваа година, придонесувајќи да се надмине границата од 100 милиони евра, што 2020-та ја прави најдобра година од 1990 година.

Вкупната продажба исто така ја надмина бројката од минатата година од 4,3 милиони, дури и кога пазарот за физичка музика се намали речиси за половина во март, кога првиот карантин низ целата земја ги принуди уличните продавачи да ги затворат продавниците.

Првите знаци на голема продажба на винили оваа година се појавија кога продавниците за плочи повторно се отворија во јуни, за прв пат по заклучувањето.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.