Продажбата на пиво во британските пабови минатата година падна на најниско ниво од 1920 година, поради долгорочните и остри ограничувања наметнати од владата во Лондон, заради ширењето на коронавирусот.

Вкупната продажба на пиво се намали за 56 проценти во 2020 година, на 6,1 милијарди фунти, што е за 7,8 милијарди помалку отколку во 2019 година, вели студијата објавена од Здружението на британски пивари и сопственици на пабови. Се наведува дека тоа е најмалата продажба на пиво во последните 100 години, објави лондонскиот дневен весник Гардијан.

Овие податоци за прометот на пивото беа објавени во време кога британскиот министер за финансии Риши Сунак се соочува со зголемен притисок да преземе мерки и да спречи бран затворања во услужниот сектор, што се смета дека е од витално значење за закрепнување на британската економија, по повлекување на рестриктивните мерки.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.