За љубителите на грамофонски плочи веста е спектакуларна – деби-албумот „BSSST… Tišinčina“ на хип-хоп тимот „Београдски синдикат“, кој беше објавен во 2001 година, оваа пролет конечно ќе го доживее своето издание на двоен винил.

„Београдски синдикат“ со својата појава и директност, предизвикаа огромно внимание на пошироката јавност, културната и политичката елита, која постојано беше на удар на нивните убиствени рими.

Ова издание се смета за еден од најважните хип-хоп албуми во регионот, претставувајќи ги аспирациите и интересите на новата генерација рап уметници од Србија.

Објавувањето на албумот „BSSST… Tišinčina“ на „Београдски синдикат“, го најави еден од најуспешните синглови во кариерата на овој бенд. Секако, станува збор за песната „Дивљина“ – многу ангажирана, смешна рап-епопеја за новокомпонираното богатство и богатите.

По повод одбележувањето на дваесетгодишнината од оригиналното издание на албумот „BSSST… Tišinčina“, издавачката куќа Mascom за прв пат го претставува ова издание отпечатено на 2 винили!

Со овој издавачки потфат, двојниот LP „BSSST… Tišinčina“ се става меѓу srpskite изданија од големо национално и културно значење. Каде што отсекогаш припаѓало.

Се очекува винилите светлната на денот да ја здогледаат до 15-ти април.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.