Стоби годинава ќе реализира 17 проекти

By beckovic | March 5, 2021

Програмата на Националната установа Стоби за 2021 година опфаќа 17 проекти, од кои: 11 директно се однесуваат на истражување и заштита на движното и на недвижното културно наследство; три проекти од музејската дејност и заштитата на нематеријално културно наследство; еден проект во областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот; еден проект во областа на инвестициското…

„Шехерезада“ во Опера и балет, театар Комедија – „На отворено“…

By beckovic | March 5, 2021

Корона си го направи своето. Викенд понудата што ја има метрополата е скромна… Оркестарот на Националната опера и балет вечер (петок, 5-ти март) од 20 часот концертно ќе го изведе балетот „Шехерезада“ на Николај Римски Корсаков, под диригентство на Бисера Чадловска. Оркестарот, преку прекрасната музика која води во светот на ориентот, на поинаков начин ќе…

„Реплек“ ја заврши 2020 година со позитива од 2,6 милиони евра

By baldazarska | March 5, 2021

„Реплек“ ја заврши 2020 година со позитива од 2,6 милиони евра. Консолидираната оперативна добивка за годината на Реплек АД Скопје изнесува 184.976.000 денари. Нето добиивката по оданочување се заокружува на 163.714.000 денари (2,6 милиони евра). Образложението за остварените позитивни консолидирани и неконсолидирани финансиски резултати во текот на 2020 година РЕПЛЕК  ги објави на Македонскиот пазар…

„План за книга“ на Џим Морисон: најисцрпната колекција на неговите дела

By beckovic | March 5, 2021

Книга со собрани дела на Џим Морисон, фронтмен на групата „Дорс“ и еден од најпознатите рок-поети, ќе биде објавена на 8 јуни, објави американскиот издавач „Харпер Колинс“. Таму ќе биде неговата поезија, дневници, транскрипти и текстови кои ги пишуваше за бендот. Пред својата смрт во јули 1971 година, Џим Морисон рачно напишал список наречен „План…

Мермерен комбинат Прилеп со преполовена добивка

By baldazarska | March 5, 2021

Мермерен комбинат Прилеп со преполовена добивка.Остварената оперативна добивка за 2020 година е во износ од 541.137. 000 денари: Таа е помала за 50,56 проценти во однос на  остварената оперативна добивка во 2019 година. Тогаш оперативната добивка изнесувала 1.371.989.000 денари. Компанијата за ваквата состјба во образложението за фиансиското работење доставено до Македонска берза ја наведува  отежнатата…

Отворен конкурс за награди на Светската организација за интелектуална сопственост

By baldazarska | March 4, 2021

Отворен конкурс за награди на Светската организација за интелектуална сопственост . Натпреварот е отворен по повод стогодишнината од постоењето на Канцеларијата за интелектуална сопственост на Република Србија. Оваа институција отвори конкурс за наградите на Светската организација за интелектуална сопственост (СОИС) за 2020 година во четири категории. Престижните награди ќе бидат доделени на 26 април 2021…

Осмата еврообврзница-ново задолжување за отплата на стар долг

By baldazarska | March 4, 2021

Осмата еврообврзница-ново задолжување за отплата на стар долг. Република Северна Македонија вчера ја издаде осмата по ред еврообврзница во вредност од 700 милиони евра. Еврообврзницата е со рочност од седум години и истата е издадена по историски најниска каматна стапка од 1,625 проценти. Истата ќе се искористи за рефинансирање на третата еврообврзница од 2014 година…

Астрономска цена на винилите на Балашевиќ

By beckovic | March 4, 2021

Дека денес винилите се на цена, многу пати пишувавме. Како и тоа дека народите од регионот не можат да го прежалат ненадејното заминување на Панонскиот морнар Ѓорѓе Балашевиќ… Но, дека неговите албуми, по смртта, ќе достигнат висока, астрономска цена, тоа никој не го очекувал. Имено, на Дискогс (интернет продавница за носачи на звук, каде што…

Макарски претприемач изградил станови за своите вработени

By baldazarska | March 4, 2021

Макарски претприемач изградил станови за своите вработени. – „Не можам да се преправам дека не гледам дека моите работници имаат проблеми …Мислам дека и давањето е исто како примање. Барем во мојот живот се покажа добро и го правам тоа без никакво двоумење. Јас и помагам на локалната заедница колку што можам, “ вели за…

Пеца Поповиќ со „Лична антологија на заминатите“

By beckovic | March 4, 2021

Под закрилата на мала издавачка куќа – „Књижевна Општина Вршац“ (КОВ), штотуку излезе нова книга на веројатно најзначајниот музички новинар и рок критичар на овие простори. Долгогодишен уредник на многу значајни музички адреси. Писател и рокенролер – Петар Пеца Поповиќ. Новата книга на Пеца носи наслов „Траги во бескрајот“, и претставува „Лична антологија на заминатите“.…