. Централна кооперативна банка оствари добивка од 17 милиони денари во 2020 година и покрај бројните предизвици од пандемијата, покажуваат официјалните податоци за работењето на банката во 2020 година достапни на информативниот сервис СЕИ НЕТ на Македонска берза за хартии од вредност.

Централна кооперативна банка оствари добивка од 17 милиони денари

 

Во текот на минатата година, во услови на значителен пад на економијата и продолжена неизвесност и ограничувања на пазарот, Банката успеа да се приспособи на пазарниот предизвик и да ги одбрани поставените бизнис-цели.  Следствено на тоа, Банката забележа значителни отстапки од првичниот план за 2020 година.

Централна кооперативна банка АД Скопје во текот на 2020 година оствари нето-добивка во висина од 17 милиони денари. Овој финансиски резултат е за седум милиони денари подобар од резултатот остварен во 2019 година. Меѓутоа е за 45 проценти понизок од планираниот за периодот.

Пораст кај кредититирањето на граѓаните

На крајот на 2020 година, вкупната актива/пасива на Банката бележи незначителна промена во однос на крајот од 2019 година и остварување на  поставениот план од 93,7 проценти.

Вложувањата во безризични пласмани бележат пораст. Поради што позицијата вложувања во хартии од вредност е повисока во однос на  2019 година за 26,9 отсто и за 11,2 проценти повисока од планот. Соодветно на тоа, Паричните средства и парични еквиваленти бележат пад од 36,2 отсто и отстапување од планот за 26,7 отсто.

Во текот на 2020 година, Банката бележи пораст на кредитната активност кај секторот население и опаѓање на истата кај нефинансиските друштва.

Позицијата кредити на и побарувања од други комитенти бележи пораст од 5,9 отсто во однос на крајот од 2019 година. Оваа позиција порасна за 397 милиони денари. Во однос на поставениот план, позицијата кредити на и побарувања од други комитенти бележи реализација од 94 проценти.

Позицијата останати побарувања, бележи голем пораст и во однос на претходната година и во однос на поставениот план, што во основа се должи на евидентираната авансна исплата на пензиите на крајот од месецот.

Кај нематеријални средства и недвижности и опрема е забележан пад во однос на 2019 година, што се должи на континуираната амортизација на овие средства.

Сегментот на депозити на други коминтенти остана стабилен.  При што планот е реализиран со 92,8 отсто.

Пониски приходи од камати

Преземените активности во доменот на управувањето со изворите на средства, доведоа до намалување на расходите за камати за 2,6 отсто во 2020 година во однос на претходната година. Остварените расходи за камати во 2020 година, во однос на планираните, се пониски за 8,5 отсто.

Наспроти нагорниот континуитет на каматните приходи во сегментот население, во услови на висока конкуренција, Банката оствари пониски приходи од камати за 0,4 отсто во споредба со 2019 година. Остварените приходи од камати во 2020 година, во однос на планираните, се пониски за 8,6 отсто.

Во услови на континуиран тренд на намалување на активните каматни стапки, при намалени каматни стапки на благајничките записи, како една од мерките поврзани со здравствената криза, Банката успеа да оствари нето-каматен приход близу до минатогодишниот, односно истиот е повисок за 0,6 отсто.

На крајот на годината, како резултат на привлечени нови клиенти во Банката, забележан е пораст на приходите од провизии за 13,5отсто. Тоа во однос на претходната година е подобрување од 15,8 милиони денари. Тој пораст придонесе кон пораст на позицијата нето-приходи од провизии и надомести за 16,1 отсто. Односно за 12,1 милиони денари, во однос на претходната година. А, планот е надминат за 7,6 отсто.

Отстапки од планираното

Во однос на позицијата трошоци за вработените, забележан е пораст од 2,3 отсто. Планот е реализиран со 99,5 проценти.

Позицијата останати расходи од дејноста бележи зголемување во однос на минатата година од 4,4 отсто и за 2,1 отсто во однос на планот.

Останатите приходи од дејноста се пониски и во однос на претходната 2019 година и во однос на планираните за периодот.

Во текот на 2020 година, реализирани се повисоки нето–приходи од курсни разлики за 13,9 проценти во однос на минатата година.

Расходите за амортизација бележат пад од 2,4 отсто во однос на 2019 година и 4,5 проценти во однос со планираните, како резултат на одложени набавки на основни средства.

Како резултат на задржаната стабилност и квалитет на кредитното портфолио, издвоена е исправка на вредноста на финансиските средства. Исто така и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа во износ од 20 милиони денари.

Односно забележано е подобрување на оваа позиција во износ од 7,7 милиони денари во однос на 2019 година. Оваа позиција е за 27,9 отсто пониска од истиот период минатата година и 28,7 проценти пониска од планираната.

 Очекувања за претстојниот период

Во услови на значителен пад на економијата и продолжена неизвесност и ограничувања на пазарот, Банката успеа да се приспособи на пазарниот предизвик и да ги одбрани поставените бизнис-цели. И во периодот кој претстои, Банката ќе настојува да ги задржи воспоставените трендови на раст на бизнисот и проширување на клиентската база.

Со цел брза ревитализација, Банката ќе продолжи да работи во насока на помош за погодените клиенти од новонастанатата состојба. При што, покрај на раст и развој, ќе биде фокусирана на одржување на квалитетот на портфолиото. А, исто и на изнаоѓање поволни решенија на барањата на клиентите кои се најзасегнати од здравствената и од економската криза.

Ќе продолжат напорите за модернизирање на постојниот технолошки сетап на Банката. И секако зголемување на достапноста на продуктите и услугите. Банката ќе продолжи да ги следи современите текови во развојот на информатичките технологии во банкарското работење. Исто така ќе ги развива и усовршува и алтернативните канали за дистрибуција, со цел намалување на ризикот од ширење зараза.

Посветеноста кон зголемување на квалитетот и ефикасноста во клиентската услуга и зголеменото клиентско задоволство остануваат во врвот на приоритетите за претстојната година. Банката ќе се стреми кон одржувањето позитивна и стимулативна работна атмосфера, преку поттикнување на иницијативите и наградување на реалните резултати и успеси.

 

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.