Убава вест за сите кои вистински ја сакаат литературата. Излегоа од печат четири нови изданија на македонски јазик од чешко-францускиот автор Милан Кундера!

Милан Кундера е еден од критички најпрославените автори и првиот значаен автор од источна Европа по падот на комунистичките режими.

Тој е многу добро познат на светската читателска публика преку неговите дела: „Неподносливата леснотија на постоењето“, „Шега“, „Животот е на некое друго место“, „Книга за смеата и постоењето“, „Проштален валцер“, „Смешни љубови“…

Како резултат на цензурата на комунистичката влада во Чехословачка, неговите книги биле забранети во неговата родна земја, а тоа траело до падот на оваа влада за време на Кадифената револуција од 1989 година.


Книгите на Милан Кундера говорат за луѓето, за нивните мисли, чувства и намери, а неодамна на македонски јазик излегоа четири негови дела „Шега“, „Животот е на друго место“, „Проштален валцер“ и „Смешни љубови“. Како Чех кој, пак, според пасошот не е со таа националност, веќе со децении наназад живее во Франција. Чехословачка во 1978 година му го има одземено државјанството и на тој начин го има „протерано“ еден од своите најпознати писатели во егзил.

Живее повлечено и никогаш не сонувал за враќање во татковината. Чесите долго време мораа да чекаат на неговото враќање, и тоа книжевно, па дури во деведесеттите години, неговите подоцнежни романи се преведени и на чешки јазик.

Четири книги на Кундера на македонски се во издание на Арс.Либрис/ Арс.Ламина.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.