Чипови нема – очекувајте поскапи автомобили и електрични апарати. Потрошувачите ширум светот, поради глобалниот недостиг на чипови, се соочуваат со зголемени цени и недостаток на разни апарати и машини – телевизори, мобилни телефони, автомобили и конзоли за видео игри.

„Совршена бура“ меѓу понудата и побарувачката

Се случува „совршена бура“ меѓу понудата и побарувачката, објаснуваат експертите. Тие најавуваат пораст на цените на уредите ширум светот.

Недостатокот на чипови, кои се „мозок“ кај сите електронски уреди, расте од минатата година, пишува Гардијан.

Чипови нема – очекувајте поскапи автомобили и електрични апарати

Првично, проблем претставувало привременото одложување при набавка. Бидејќи фабриките се затвораа поради првиот бран на пандемијата од ковид 19.

Меѓутоа, иако производството е нормализирано, новото зголемување на побарувачката достигнува критична точка. Дополнително е поттикнат од промената на навиките за време на пандемијата.

Голема побарувачка направија производителите на автомобили кои инвестираат во електрични возила опремени со најнова технологија. Потоа „бум“ во продажбата на телевизии и домашни компјутери, како и „лансирање“ на нови конзоли за видео игри и мобилни телефони со 5G технологија

„Сопирачки“ за технолошките и автомобилски гиганти

Дури и „Eppl“, компанија вредна две милијарди долари и најголем купувач на полупроводници во светот на кои троши 58 милијарди долари годишно, беше принудена да го одложи лансирањето на долгоочекуваниот „Ајфон 12“ за два месеци минатата година.

„Чиповите се сè. Тука се одвива совршената бура на фактори на понуда и побарувачка. Но, во основа, има ново ниво на побарувачка што не може да се следи. „Сите се во криза и ситуацијата се влошува“, објаснува Нил Камплинг,  медиумски и ехнолошки аналитичар во „Мирабо“, меѓународна банкарска и финансиска групација.

Форд неодамна ги откажа смените во две фабрики за автомобили и објави дека профитот може да биде понизок до 2,5 милијарди долари оваа година поради недостиг на чипови. Нисан го намалува производството во фабриките во Мексико и САД. Додека Џенерал моторс обајави дека може да се соочи со загуба на профит од две милијарди долари.

Минатиот месец, Сони призна дека можеби нема да ја постигне планираната продажба на новата „Плејстејшн 5“ оваа година. Исто така, поради проблеми со испорака на полупроводници. А, „Х-бокс“ на Мајкрософт предвидува дека проблемите со снабдување ќе продолжат барем до втората половина од годината.

Очекувајте поскапи возила и телефони

Меѓутоа, најизразен пример за полупроводничка криза е Самсунг. Toj e втор најголем купувач на чипови во светот, но и втор најголем производител во светот.

Претходно оваа недела, компанијата објави дека можеби ќе треба да го одложи „лансирањето“ на нов паметен телефон токму поради недостиг на чипови.

„Неверојатно е што Самсунг продава полупроводници на други за 56 милијарди долари, а сам троши 36 милијарди долари“, забележа Камплинг.

Се чини дека недостигот на чипови ќе трае некое време, пишува Гардијан.

„Нема индикации дека понудата одговара на побарувачката. Или пак дека побарувачката се намалува со зголемувањето на цените. Луѓето ќе го почувствуваат ова и на улица. Очекувајте автомобилите да чинат повеќе, како и телефоните “, вели Камплинг.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.