Најдобрата српска спортска марка е Црвена звезда! Црвена звезда, поточно нејзиниот фудбалски и кошаркарски клуб, беше прогласен за најдобар спортски бренд во Србија при изборот на регионалната конференција „СПОРТО“.

„СПОРТО“ е најголемата регионална годишна конференција која со години се одржува во Порторож, овој пат во дигитален формат.

Гости беа ценети личности од светот на бизнисот и спортот, а меѓу гости предавачи се најдоа Марк Кубан, сопственик на НБА тимот во Далас и Арсен Венгер, легендарниот тренер на Арсенал.

И оваа година беа доделени награди за најдобрите спортски брендови во регионот и Србија за 2020 година. Критериум за наградата е истражување на јавното мислење спроведено од агенцијата „Медијана“ од Словенија, а тоа истражување недвосмислено покажа дека Црвена звезда е најдобриот спортски бренд во Србија.

Престижната награда поделена во два клуба од црвено-белото семејство: КК Црвена звезда и ФК Црвена звезда.

Во конкуренција на спортисти, наградата ја освои и познатиот звездаш – Новак Ѓоковиќ, додека меѓу дамите е и лауреатката Ивана Шпановиќ.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.