Дали роботиката го истиснува човекот како застарен модел? Роботите имаат сè поголема улога во човечкиот живот во втората деценија на 21 век. Полињата на примена се различни – од третмани за разубавување до земјоделство, па се чини дека на разновидноста на начините на нивна употреба нема крај.

Во Шангај неодамна се одржа годишната светска конференција посветена на вештачката интелигенција, на која учествуваа околу 300 технолошки компании.  Повеќето од нив  биле кинески, а биле претставени најновите производи од тоа поле, од најмодерни чипови до клучни алгоритми и апликации за податоци.

Роботите играат значајна улога во сето тоа. Кинеската компанија „Ubtex Robotix“, лидер во областа на вештачката интелигенција и роботиката, претстави нов робот за вршење на различни услуги во станот, наречен Walker X.

Тој може да изврши неколку задачи, вклучително и играње кинески шах. На оваа конференција се претставени и робот кој може да свири на тапани, исто така и роботи кои наместо луѓе можат да испраќаат пораки. За време на пандемијата, роботите иво пракса се покажаа корисни во извршувањето на хотелските услуги.

Роботите, корисни за домашна помош

Вакви машини- роботи се користат и во Шпанија. Во еден бар во Севиља, роботот Спот им доставува пијалоци на гостите. Слично е и во САД: роботот Кикирики носи оброк на маса во ресторан во Њу Џерси. Во тој објект велат дека поради недостиг на работна сила тешко се наоѓало кадар, па ангажирале робот.

„Кога го ангажиравме овој робот, тоа беше затоа што ни требаше дополнителна работна сила. Во објектот има четири послужалници, но серверот може да носи само еден, а роботот може да носи повеќе“, изјавил сопственикот на ресторанот.

Во Италија е дизајниран роботот налик на човек Абел, кој ги препознава човечките реакции и реагира на нив. Истражувачите од Универзитетот во Пиза се надеваат дека еден ден би можело роботите да се користат за домашна помош за луѓето со аутизам и Алцхајмерова болест.

Во роботот има голем број мотори со различни големини кои го придвижуваат. Дваесет од нив се под вештачката кожа и создаваат човечки гримаси. Софтверот во таа машина ги следи човечките чувства со надворешни сензори врз основа на неколку параметри: фреквенција на гласот или термички промени на кожата видливи со инфрацрвено зрачење.

„Сигурно е дека има морални импликации при користењето на овој тип на робот. Затоа треба да ги третираме како партнери кои можат да ни помогнат. Веќе има „Колаборативни роботи“ или т.н. „коботи“ кои потенцијално би можеле да учествуваат и во производството, тврдат  кинески истражувачи. Меѓутоа нивната примена во пракса сè уште е невозможна, иако тоа се роботи кои работат со луѓе и помагаат во индустријата. Но, Абел е наменет за домашна употреба, му помага на постар човек или на некој со попреченост“, вели Енцо Скилинго, инженер од Универзитетот во Пиза.

Научно-фантастични филмови- реалност воследната деценија?

Во Израел, една компанија направила UGV – беспилотно летало што може да ги следи и помага војниците или да оди во независни мисии, со помош на далечински управувач, таблет.

Тој е наречен Rex Em Ka 2, а може да носи товар до 1,3 тони. Опремен е со митралез, има електромотори во него, може да вози на многу нерамен терен и да прави нагли кривини.

„Сме гледале многу научно-фантастични филмови кои прикажуваат роботи како се борат со други роботи. „Сигурен сум дека во следната деценија ќе видиме војници кои заедно со роботски системи се борат против непријателот“, смета Рани Авни, од израелската авијација.

Роботот најде место и во земјоделството. Британска компанија го смислила првиот комерцијален робот во земјоделството, наречен Том. Тој може да покрие површина од 20 хектари дневно, без човечка помош и да собере шест терабајти податоци за осум часа работа. Во тој период собрал податоци за 12,7 милиони растенија на поле од шест хектари.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.