Огромен успех за српскиот филм се случи викендов во Америка. Имено, филмот „Дара из Јасеновца“, кој се прикажуваше во американските кина од петокот, постигна нешто навистина големо, пренесува „Мегаком филм“.

Имено, филмот на режисерот Предраг Антонијевиќ за време на првиот викенд на прикажување, забележа најголема просечна заработка во однос на бројот на киносали во кои се прикажува.

Српскиот кандидат за Оскар заработи просечно по 1.251 долари по кино. Просечната заработка по кино за големи студиски филмови е значително помала.

На пример, минатиот викенд, за филмот „Мали нешта“, заработката беше 952 долари, а за „Крудс: Нова ера“, 910 долари.


Исто така, еден од најочекуваните европски филмови во американските кина, „Супернова“ со Колин Фирт и Стенли Тучи, имаше просечна заработка од 191 долар за кино во втората недела од прикажувањето.

Структурата на публиката која го гледаше филмот „Дара из Јасеновца“ минатиот викенд е многу интересна. Имено, 54 проценти гледачи беа под 35-годишна возраст – од вкупниот број на гледачи, што зборува во прилог на филмот да ја смени сликата и перцепцијата на младите луѓе за еден од најозлогласените логори, и го потврдува неговиот едукативен карактер.

„Дара из Јасеновца“ е на 18-то место на американската листа на заработка според „бокс офисот“. Филмот во моментов се прикажува во бројни градови низ Америка, вклучувајќи ги Чикаго, Феникс, Милвоки, Мајами, Атланта, Далас, Денвер и Хјустон.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.