Иако заради огромните опструкции од поедини медиуми во САД не успеа да се најде во најтесната конкуренција за Оскар, „Дара из Јасеновца“ продолжува да реди успеси на комерцијално поле.

Според страницата „Box Office Mojo“, специјализирана за следење на посети и продажба на билети во САД, филмот „Дара из Јасеновца“ го достигна 20-то место на топ- листа на филмови со најголема заработка во САД, во периодот од 19. февруари до 21. февруари 2021 година.

Филмот на Предраг Гага Антонијевиќ, иако беше прикажан само во 21 кино-сала, имаше голем успех. Во текот на изминатиот викенд, филмот „Дара…“ заработи околу 4.000 долари од продажба на билети.

Најгледан беше филмот „Семејството Крудс: Нова ера“, со заработка од околу 1,7 милиони долари, прикажан истиот викенд, но во 1.890 кина.

Викендов, филмот беше прикажан на националната телевизија во Србија, каде забележа огромна гледаност.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.