„Делта холдинг“ – стартува со регионална платформа за онлајн трговија. Српскиот „Делта Холдинг“ по успешно завршената 2020 година со раст на оперативната добивка 46,5 милиони евра, годинава влегува на полето на Интернет трговија.

 „Делта холдинг“ – стартува со регионална платформа за онлајн трговија

„Ананас“ -нова платформа за е-трговија

Како што соопштија од компанијата, платформата за е-трговија, наречена „Ананас“, ќе биде активна веќе во првата половина на оваа година. Таа се разликува по исклучително голем асортиман на стоки, соработка со најголемите добавувачи, но и целосно ново корисничко искуство. Инвестицијата во „ Ананас“ во следните пет години ќе изнесува 100 милиони евра.

„Со финансиска моќ и инвестициско искуство што го има „Делта“, убедени сме дека можеме да создадеме регионален гигант во трговијата преку Интернет. „Ананас“ ќе им понуди на клиентите нешто на што не се навикнати во домашната трговија. Нешто што го имаат само најголемите глобални трговци како Амазон или АлиЕкспрес. На самиот почеток ќе го покриеме српскиот пазар, но со намера да бидеме присутни на пазарите на поранешна Југославија многу брзо, плус и Албанија “, вели Марија Десивојевиќ Цветковиќ, потпретседател на Делта за стратегија и развој.

 Раст на оперативната добивка од 7,5 отсто

Српскиот „Делта холдинг“ ја заврши 2020 година со EBITDA од 46,5 милиони евра. Односно со раст во однос на 2019 година од  7,5 проценти.

Минатата година приходите на Холдингот изнесуваат 511,2 милиони, што е за 2,2 проценти помалку од 2019 година.

„Зголемувањето на оперативната добивка пред оданочување и амортизација – ЕБИТДА, потврдува дека компанијата работи успешно. Што значи дека имала исклучително добро управување во ситуација која сериозно ја потресе целата светска економија. За нас, ова е многу важен факт, бидејќи е познато дека банките и консултантските компании го проценуваат квалитетот на компаниите според EBITDA “, вели Милка Војводиќ, потпретседател за економија и финансии на „Делта холдинг“.

Во наредните години, „Делта“ планира да го продолжи големиот инвестициски циклус, главно во областа на недвижнините, вреден вкупно околу 500 милиони евра.

 30 години Делта Холдинг

На 4. февруари 2021 година „Делта холдинг“ прославува 30 години од основањето. За три децении, компанијата оствари приход од продажба на деловни активности од 2,5 милијарди евра и тие пари ги реинвестираше во Србија и земјите од регионот.

„Она што ја издвојува „Делта Холдинг“ од другите на пазарот е знаењето за создавање и развој на деловни активности кои ја зголемуваат вредноста и ги продаваат кога се соодветни условите. Таквиот бизнис е овозможен од квалификувани и мотивирани вработени и затоа веруваме дека луѓето се најголема вредност. А,  Делта има околу 35.000 вработени, вели потпретседателот на компанијата за стратегија и развој.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.