Се до 21 февруари во сите книжарници „Литература.мк“ ќе можат да се купат книги од голем број македонски издавачки куќи на попусти до 70 отсто.

Нашите книжарници се литературни катчиња каде што се слави пишаниот збор 365 дена во текот на годината, но со оваа голема акција наречена „Денови на литературата“, секој љубител на книгите ќе може да најде голема селекција на изданија од различен жанр и за различна возраст по намалени цени – велат организаторите.

Дел од книгите за возрасни што ќе може да се најдат на попуст се: „Книга за телото“ на Камерон Дијаз, „Есктремно гласно и неверојатно блиску“ Џонатан Сафран Фоер, „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“ од македонскиот спортски новинар Зоран Михајлов, „Џулијан Асанж: Неавторизирана биографија“ од Џулијан Асанж, „Девојката што го спаси кралот на Шведска“ од Јонас Јонасон, „Јас сум Малала“ од Малала Јусафсај и многу други.

Во селекцијата се наоѓаат и голем број изданија што може да се купат по екстремно намалени цени до 150 денари, додека сите книги на англиски јазик достапни во „Литература.мк“ ќе може да се најдат на попуст од 15 отсто. Со други зборови – книга за секој џеб!

Целиот каталог за акцијата може да се погледне на линкот.

Со цел да се почне Новата 2021 година со вистинските книги в рака, во сите наши книжарници ќе биде достапна богата селекција што ќе ги задоволи сите вкусови.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.