Фотосојузот на Македонија годинава прославува 75 години постоење на македонската фотографска сцена. Во рамките на своето работење, Сојузот, како носител на фотографската, визуелната и културната традиција на Македонија, и оваа година го објави конкурсот за најстариот и најреномиран фотографски настан во нашата држава „Денови на македонската фотографија”.

На конкурсот може да учествуваат професионални фотографи, но и аматери, преку кој ќе успеат да се претстават пред пошироката македонска јавност. Како и досега, фокусот ќе остане на заокружената целина на фотографскиот процес или печатената форма (принтот).

Завршната манифестација, секако според соодветните протоколи за заштита и безбедност на сите учесници и посетители, е планирано да се одржи во Охрид од 29 мај до 1 јуни, на која освен проекции на фотографии ќе биде претставена и инстаграм-фотографијата.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.