Наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, годинава ќе се врачи по 22 пат. Како се доближува терминот за доделвање на наградата, така и кругот на финалистите се стеснува.
Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2020 година, во состав на Оливера Николова, минатогодишна лауреатка и претседателка на Комисијата, Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Грозданоски и Катерина Богоева – претставничка на Фондацијата „Славко Јаневски“, во втората селекција одбра девет романи што останаа во конкуренција за престижната награда.

Романи кои влегоа во потесниот избор за „Роман на годината се:

„Лето во кое те нема“,
Петар Андоновски, „Или – Или“

„Шрапнел“,
Игор Анѓелков, „Или – Или“

„Суво мастило“,
Владимир Илиевски, „Македоника литера“

„Скриени желби, немирни патувања“,
Владимир Јанковски, „Антолог“

„Ши“,
Сашо Кокаланов, „Или – Или“

„Сфинга на гневот“,
Жарко Кујунџиски, „Антолог“

„Фантомско стапало“,
Блаже Миневски, „Матица македонска“

„На враќање“,
Фросина Пармаковска, „Или-Или“

„Куќа над брановите“,
Билјана С. Црвенковска, „Чудна шума“

На годинашниот конкурс пристигнаа  41 роман. Жири-комисијата во првата селекција одбра 18 наслови, а сега списокот го стесни на девет романи.

Насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција на 15 март.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.