Дигиталното рекламирање доминантно на светско ниво. Трендот на дигиталниот маркетинг што го наметна пандемијата ќе продолжи да расте и годинава. Според прогнозите, дигиталното рекламирање ќе учествува со дури 60 проценти во вкупниот буџет за промоција на светско ниво. Ова е генерална оценка на вебинарот што го организираше Катедрата за маркетинг при Економскиот факултет во Скопје.

Дигиталното рекламирање доминантно на светско ниво

На вебинарот насловен: „CHANGING THE MARKETING LANDSCAPE IN 2021: CHALLENGES AND PERSPECTIVES“, се дискутираше за предизвиците со кои се соочија компаниите во маркетинг работењето лани, но и за промените во комуникациските активности. Низ примери од искуството се потенцираше начинот на кој компаниите успеаа да се реструктуираат и прилагодат на новонастанатата ситуација.

Говорниците истакнаа и дека пандемијата влијаела и на навиките на потрошувачите во смисла на тоа дека за разлика од минатото кога се преферираа исклучиво физичките продавници, со новонастанатата ситуација променети се навиките во корист на онлајн купувањето, а како одлична можност за пристап до потрошувачот во новонастанатите околности е посочен е-маил маркетингот.

Генерално присутните на вебинарот заклучиле дека за успех на компаниите потребна е иновација во сите бизнис процеси. Секако, вклучително и во маркетинг-активностите, особено имајќи го предвид фактот дека пандемијата го забрза процесот на дигитализацијата на бизнисите.

На вебинарот „CHANGING THE MARKETING LANDSCAPE IN 2021: CHALLENGES AND PERSPECTIVES“, учествуваа маркетинг-професионалци како Мери Шешо, раководител на одделот за дигитални услуги во McCann Skopje; Оливер Петровски, Managing Director на New Moment Tirana; Ненад Атанасов, сопственик на компанијата Нени Компани (мултибренд продавниците City Fashion) и Драган Јосифовски, ко-основач и управител на Paket.mk.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.