Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во светот, го собори Роџер Федерер и стана рекордер по бројот на недели на врвот на АТП-листата. Ѓоковиќ помина неверојатни 311 недела на врвот на АТП-листата.

За тоа време, Ѓоковиќ освои 18 титули на Грен слем турнирите, стана апсолутен рекордер на Австралија опен, и со овој рекорд го направи првиот голем чекор не само кон место во историјата, туку и кон титулата најдобар тенисер кој некогаш играл „бел спорт“.

Следува Роџер Федерер со 310, Рафаел Надал со 196…

Ѓоковиќ сега се соочува со два големи предизвици – првиот во форма на борба за претекнување на Роџер Федерер и Надал по бројот на грен слем титули, а вториот – јуришот кон Штефи Граф и соборувањето на апсолутниот тениски рекорд по бројот на недели на кормилото. „Магичниот број“ што го држи Граф е 377.

Во чест на големиот подвиг на Ноле, денес во Белград осамна голем мозаик од тениски топки со неговиот лик, прв од ваков вид во светот.


Инсталацијата е широка 2,7 метри и висока 3,8 метри, додека површината од 10 квадратни метри е исполнета со 2177 тениски топки.

Причината за делото наречено #2177, создадено од архитект и уличен уметник Андреј Јосифовски, произлезе од желбата да се одбележи првиот ден од новиот рекорд, односно бројот на денови на врвот на АТП-листата.


Новак од денес ја започна својата 311-ва недела како број еден во светскиот тенис…

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.