Единствено Македонија нема своја фабрика за кожа. Македонија е единствена земја во светот во која нема фабирка за кожа, а бевме меѓу најдобрите кожари во Југославија и во Европа. Секоја држава, за својата војска и полиција има свое производство и тоа од домашни суровини, по свои стандарди, вработува специјализиран кадар, не зависи од увоз, не троши девизи итн…

Единствено Македонија нема своја фабрика за кожа

Иако Македонија има традиција и се уште има жив кадар од старата „гарда“, оваа индустрија секојдневно се осипува и се намалува и еден ден, ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО, сосема ќе исчезне. Во занаетчиските школи интересот за кожарско-чевларскиот занает е минимален, па нема ни обуки, што значи дека нема ни перспектива, засега.

Гушење на индустриски кластер

Другата слаба точка е: големите давачки, нарачани инспекции, рекет итн…, а најлошо во сето ова е неконтролираниот увоз на чевли без царина (на диво, коруптивно, на кило), па вака нема ни за државата ни за инвестиции и развој. Државата можеби и не може да воведе протекционистички мерки, но не треба да се вади на тоа. Увозот на чевли со сомнителен хемиски состав и лош квалитет најмногу ја погоди и нашата економија, како и светската.

Од друга страна, сето тоа влече свои последици. Машините остареа и физички и технолошки. Не можат да ја постигнат конкурентската продуктивност. Така, Македонија нема сопствен производ, од основната суровина – до финален производ, што ќе им биде конкурентен на другите прозиводители од регионов, па и од Европа. Во тоа што денеска неоправдано се нарекува „чевларска индустирја“ – речиси се е доработка (лон систем).

Кога нема ниедна фабрика за кожа, како што ја имавме поранешната Го-Дел, значи нема можност домашните  чевлари да купат кожа од домашен производител, нема да се купи ни постава, ни игли, ни конец, ни лепило, ни гума. Ништо од ова не се произведува кај нас дома. Така може да се зборува за гушење на цел еден индустриски кластер. Кај нас многу сурови кожи се фрлаат, не водејќи сметка дека тоа се ресурси за чевларската и за модната индустрија.

Континуиран пад една деценија

Македонија имаше 50тина илјади работници во секторот текстил и кожа. Имаше огромен извоз, се слеваа девизи од кои се плаќаше неопходниот увоз: нафта, машини, оружје…

Бројот на вработени во март 2020 во производство на кожа и други производи од кожа е намален за 8,3 отсто, во однос на февруари 2020 година.

Во секторот производство на кожа и други производи од кожа регистрирани се 154 активни компании.

Индустриското производство за облека, кожа и кожени производи бележат пад во изминатите пет години, што е продолжување на падот уште од  2010 година. Па така, кај индустријата за кожа и слични производи од кожа (главно чевли) овој пад изнесува околу 23,2 проценти.

На нашите влади досега им се нудени идеи од страна на луѓе што ги познаваат овие работи и што можат да ги подигнат овие индустрии, но ниедна власт досеа не е заинтересирана за идеите. Чевларите велат дека сите се ориентирани на увоз за да се добие провизија, а во владата се вработуваат „советници“, без никакво знење од овие конкретни работи што ги набројавме.

Владата презема мерки со финансиска помош соодветно на кризата, со големо задолжување од надвор и од внатре. Тоа не е за потценување, но вистинските мерки се заживување на умрените стопански гранки, извоз, зголемување на вредноста на денарот, а не негово вештачко оддржување со помош на девизните резерви.

Чевлари бараат помош

Сето тоа што го бараат чевларите во оваа ситуација се палијативни мери за да се преживее и се надеваат дека таа ќе продолжи и во пролетниве месеци, кога очекуваат закрепнување. Нивните барања за помош за структурни промени никој не го почитува.

Кумановските чевлри, здружение на 40-тина мали фирми, велат дека лани, 2020 година во април, работеле само десет проценти од вкупниот број компании. Тие се соочиле со намалување на производството. Дел од работниците по договор останале без работа извесен период и повторно биле ангажирани откако компаниите почнале со работа.

– Ние најискрено се надеваме дека годинава малку ќе се поправи состојбата, очекуваме од пролет. Промената на сезоната и онака е тешка за нас, а особено сега во време на пандемија, вели, за Анторис, претседателката на Здружението на чевларите „Куманово“, и сопственик на компанија „Де Марко“, Лидија Милановска.

Вилијам Бојковски, сопственик на компанијата „МИ-МАР“, вели дека поддршката што ја добиле од државата им помогнала да ја надминат ковид-кризата.

– Мерките беа од големо значење за нас, конкретно за мојата компанија ги задржавме сите работници. Пред се, мерката за минимална плата која овозможи да се задржат работниците. Мојата фирма работи за италијанска компанија полупроизвод. Сепак кризата го направи своето, ако претходно произведувавме по 90 000 чифта, сега сме сведени на само 30 000, вели Бојковски.

Во Куманово функционираат околу 60-тина мали и средни чевларски претпријатија кои вработуваат околу 2.000 работници.

Индустријата за кожа во Македонија

Благодарение на развиеното сточарство во Македонија, уште во минатото била застапена преработката на кожа. Во минатиот век во повеќе градови постоеле бројни занаетчиски работилници- табани во кои на примитивен начин се преработувале кожи во големи количества. Такви градови биле: Скопје, Тетово, Велес и особено Охрид каде што во 1863 имало 150 работилници кои преработувале и тргувале со кожи. Во Велес особено се преработувале кожи од коза и бил прочуен велешкиот софијан, кој директно се извезувал во Пешта.

Индустријата за кожа и обувки главно е концентрирана во Скопје, Куманово и Штип. Во Куманово постојат и повеќе мали преторијатија формирани во најново време, како: “Центро”, “Шевро” и др. а, такви се основаат и во останатите градови.

Денес во Македонија постојат повеќе од 100 фабрики за чевли. Меѓу нив како најголема се јавува фабриката “Баргала” во Штип, која годишно остварува производство од 1,2 милиони чифта чевли. Од нив 95 проценти се пласираат во земјите од ЕУ и Америка.

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.