еСИМ- еволуција во СИМ технологијата. Вградена електронска картичка којашто во иднина ќе ги замени стандардните СИМ картички.

еСИМ- еволуција во СИМ технологијата

За прв пат на пазарот, Македонски Телеком воведува еСИМ – вградена електронска картичка. Тоа е еволуција во СИМ технологијата, којашто во иднина целосно ќе ги замени физичките СИМ картички. Со еСИМ се овозможува нов начин на поврзување на уредите со мобилната мрежа. Новата технологија за разлика од стандардните СИМ картички, кои треба физички да се постават во уредот. Новата еСИМ користи вграден електронски чип ( во самиот смартфон), што овозможува онлајн активирање.

Револуција во комуникацијата

Со еСИМ добивате нов вид на комуникација.  Развојот на услугите во доменот на „Интернет на нештата“  и поврзаните уреди. Затоа што оваа картичка овозможува да работат независно од смартфоните, што до сега не беше возможно. Ова ќе донесе нов начин на комуникација и полесно поврзување со смарт часовници, велосипеди и други IoT уреди.

Освен технолошкиот и иновативниот, особено е важен и еколошкиот аспект, затоа што замената на пластичните картички и пакувања ќе придонесе за зачувување на животната средина.

За да се користи оваа технологија, потребен е уред којшто ја поддржува, а во иднина бројот на вакви уреди ќе расте сè повеќе. еСИМ се активира едноставно, со скенирање QR код.  еСИМ профилот се презема преку интернет, криптиран, за да се обезбеди највисоко ниво на сигурност.

Сите постпејд корисници на мобилната мрежа на Телеком кои имаат уред што поддржува eСИМ може да ја користат новата електронска картичка.

еСИМ е чекор напред кон целосна дигитализација и поврзување на уредите, но и еколошка иновација и се очекува во наредните години да стане глобален тренд во понудата на паметни уреди.

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.