И, додека регионот се уште е во шок, заради прераното заминување во вечноста на Панонскиот морнар Ѓорѓе Балашевиќ, таму каде што одамна е неговото дело, Index.hr ја направи конечната листа која содржи негови 100 песни…

Во објаснувањето стои:

– Секоја песна на Балашевиќ е мало ремек-дело, па затоа е скоро невозможно да се посочат само некои од нив. Сепак, се обидовме…. Составивме список со 100 од најголемите, најимпресивните или најпопуларните хитови на Балашевиќ. Сигурно многу неправедно изоставивме дел од неговата работа, но не обвинувајте не за тоа, се обидовме да бидеме што е можно пообјективни…

Шампионското место го има „Свирајте ми јесен стиже, дуњо моја“, а тука веднаш е „Васа Ладачки“, па „Багрење“, „Протина кќи“… Изненадува што на петтото место е „Рингишпил“, а меѓу првите 10 ја нема, на пример „Словенска“, „Живот је море“, „Оливера“... Тие гравитираат меѓу 11-то и 20-то место.

Како и да е, многу големи музичари се големи заради два три хита кои ги оставиле. Десетина, 20-ина… Ама, 100 песни!!!

Затоа делото на Балашевиќ одамна станало вечно, а тој бесмртен…
Заради рамнотежата меѓу ѕвездите…

Во изборот на Балашевиќ – Топ 100, секако, беа вклучени и читателите на Index.hr.

Комплетниот список на песните го имате ТУКА!

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.