„Европа“ лани ја зголеми добивката за 10,4 отсто
„Европа“ лани ја зголеми добивката за 10,4 отсто во однос на претходната. Односно АД ЕВРОПА Скопје лани оствари добивка од 80.758.967 денари. Ова е наведено во образложението за остварените резултати од работењето на компанијата објавени на Македонска берза.

„Европа“ лани ја зголеми добивката за 10,4 отсто
„Европа“ во 2020 година ги оствари следниве финансиски резултати:
2019 г | 2020 г | Индекс | |
Бруто приходи | 783.351.736 | 834.530.497 | 106,5 |
Бруто расходи | 702.335.728 | 746.415.157 | 106,3 |
Добивка пред оданочување | 81.016.008 | 88.115.340 | 108,8 |
Данок на добивка | 7.867.681 | 7.356.373 | 93,5 |
Нето добивка | 73.148.327 | 80.758.967 | 110,4 |
Во 2020 година остварени се вкупни бруто приходи во износ од 834.530.497 денари. Тоа претставува зголемување за 6,5 проценти во однос на бруто приходите од 2019 година.
2019 г | 2020 г | Индекс | |
Оперативни приходи | 774.223.177 | 801.336.741 | 103,5 |
Останати приходи | 7.231.831 | 13.021.752 | 180,1 |
Финансиски приходи | 5.665.754 | 6.907.152 | 121,9 |
Вкупно | 787.120.762 | 821.265.645 | 104,3 |
Вкупните оперативни приходи за 2020 година се зголемени за 3,5 отсто во однос на истите во 2019 година. Останатите приходи се зголемени 80,1 отсто. Додека кај финансиските приходи зголемувањето е 21,9 отсто во однос на 2019 година.
– АД ЕВРОПА Скопје за 2020 година оствари добивка во износ од 80.758.967 денари и е поголема во однос на претходната година за 10,4 проценти.
Вкупните расходи се зголемени за 6,3 отсто во однос претходната година. Оперативните расходи во 2020 година се зголемени за 6,3 проценти, а финансиските расходи се намалени за 3,2 проценти во однос на 2019 година.
Планот за вкупната продажба за 2020 година е остварен со 103,3 проценти
Годишното собрание на акционери на АД ЕВРОПА СКОПЈЕ одобри пресметка и исплата на бруто дивиденда за 2019 година на износ од 13.802.040 денари односно бруто дивиденда од 60 денари по акција. АД ЕВРОПА Скопје на акционерите им исплаќа дивиденда само откако ќе се исплатат сите обврски на друштвото и трошоци за капиталот.
Во досегашното работење на АД ЕВРОПА Скопје, водејќи се од начелото на резидуална дивидентна политика, на акционерите им исплаќа дивиденда согласно законски предвидената постапка која во годишниот извештај за 2020 година e изрично потенцирана.
Кредитната задолженост на компанијата е ниска, бидејќи има намалување на долгорочните кредити за 59,8 отсто во однос на 2019 година, кои се наменети за инвестиции.
Планот за вкупната продажба за 2020 година е остварен со 103,3 проценти, а надминат е и планот за производството за 7,8 отсто.