Еврото-наследник на стандардизирани пари од раното бронзено време. Во раното бронзено време, во Европа се користеле пари од бронза, кои биле стандардизирани во однос на формата и тежината, тврдат професорите Мајкл Х. Г. Кајперс и Каталин Н. Попа од Универзитетот во Лајден во Холандија.

Еврото-наследник на стандардизирани пари од раното бронзено време.

Дуото проучувало предмети за кои се смета дека претставуваат пари од раното бронзено време, кои се користеле во поголемиот дел од Стариот континент. Споменатите предмети се изработени од бронза, во форма на кругови, ребра и сечила.

Кајперс и Попа испитале 5000 од овие монети, статистички споредувајќи ја нивната тежина. Врз основа на своите истражувања заклучиле дека 70 проценти од овие артикли се со иста или слична тежина. Поради тоа таа се смета за стандардизирана тежина, бидејќи во тоа време немало алатки за точно мерење на тежината. Тие се мереле  рачно, и според тој критериум, овие пари генерално тежеле  исто.

Оваа сличност во тежината, но и во формата претставува основа врз која истражувачите од Универзитетот во Лајден, заклучиле дека станува збор за официјални пари од тој период.

Илустрацијата во овој текст не ги покажува веродостојно парите за кои се пишува во текстот. Овде може да видат како изгледале раните „евра“ што ги проучувале Кајперс и Попа. (Phys.org, Bif.rs)

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.