Фабрика „Карпош“ ја заврши годината со  добивка од 26,7 милиони денари. Фабрика „Карпош“ А.Д Скопје ја заврши 2020 година со позитивен финансиски резултат прикажан во поединечниот неревидиран биланс на успех објавен на Македонскиот пазар на капитал.

Фабрика „Карпош“ ја заврши годината со  добивка од 26,7 милиони денари

Приходите од продажба во најголем дел се приходи кои произлегуваат од реализација на:

  • -продажба на производи на големо на домашен пазар,
  • -приходи по времени ситуации,
  • -приходи од продажба на станови во вкупен износ  од 897.763 илјади денари.

Остварената нето добивка по оданочувањето за  2020 година изнесува 26.751.000. Оваа добивка е помала од добивката во 2019 година дури за 6.270 000 денари, или за 123 отсто. Со оглед на недовршеното производство или производството во тек кое произлегува од станбен комплес Александрија (проект за изградба на станови кои ги гради Фабрика „Карпош“ А.Д Скопје) со издавање на фактури на купувачите на станови по продажни цени, залихата ке се валоризира и ќе го зголеми приходот на компанијата.

Во 2020  година  вкупните расходи 681.649 илјади денари во најголем дел се однесуваат на трошоци на продадени производи и услуги.  Финансиските расходи, расходи по основ на камати изнесуваат  7.062.000 денари.

Во извештајниот период од 12 –те месеци во 2020 година нема исплатени дивиденди.

Исто така нема вложувања во материјални средства ниту отпис поголем од 30 отсто од вредноста на средствата споредени со минатогодишните резултати. А нема ниту значителни промени во кредитните задолжувања на друштвото.

Во период на предизвици, земајки ја предвид несигурноста заедно со состојба на ковид пандемијата, Фабрика „Карпош“ АД Скопје, продолжува да работи во насока на исполнување и остварување на проекциите утврдени во Бизнис планот.

 

 

 

 

 

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.