„Фершпед“ со оперативна добивка од  7,57 милиони денари. Според консолидираниот Биланс на успех Група „Фершпед“ АД Скопје во 2020 година оствари оперативна добивка во износ од 7.577 000 денари. Нето добивката по оданочување изнесува 577 000 денари што е драстично намалена во однос на добивката во 2019 година кога изнесувала 28.273 000 денари, стои во за финансиските резултати објавено на Македонска берза.

„Фершпед“ со оперативна добивка од  7,5 милиони денари

Вкупни приходи намалени за 16 отсто

Група „Фершпед“ АД Скопје во 2020 година оствареи вкупни приходи во износ од 3.436.729.000 денари. Тие во споредба со остварените вкупни приходи во 2019 година бележат пад од 16 проценти. Оперативните приходи во износ 3.429.880.000 денари учествуваат со 99,8  проценти во вкупните приходи. И тие бележат пад од 16 отсто во споредба со оперативните приходи во 2019 година.

Финансиските приходи учествуваат со 0,2  отсто во вкупните приходи и истите бележат намалување .

Услугите за материјални трошоци доминантни во расходите

Вкупните расходи во износ од 3.419.025.000 денари бележат пад од 13 отсто во однос на 2019 година. Оперативните расходи во износ 3.414.755.000 денари бележат пад од 13 проценти во однос на претходната година.

Најголемо учество во оперативните расходи со 81 отсто имаат расходите за услуги со карактер на материјални трошоци во износ од 2.760.072.000 денари.

Финансиските расходи бележат значително намалување во однос на истите од претходната година.

Позитивни финансиски резултати

Група Фершпед АД Скопје во 2020 година оствари позитивен финасиски резултат  искажан во  консолидираниот Биланс на успех во износ од 577.000 денари.

Вкупните обврски по кредити на 31.12.2020 година се намалени за 131.117.000 денари. Односно за 66 проценти во споредба со состојбата на 31.12.2019 година и истите претставуваат  3.1  отсто од капиталот и резервите.

Друштвото освен со меѓународна и внатрешна шпедиција како основна дејност, се занимава и со меѓународна трговија, брокерство, банкарство, хотелиерство, винарство, игри на среќа преку купување акции во тие дејности  од стопанството.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.