ФЕСТ 2021 најверојатно во април
Престижниот белградски филмски фестивал ФЕСТ 2021 година ќе се одржи малку подоцна од вообичаеното, најверојатно од 2. до 11. април, изјавија градските власти.
Со оглед дека фестивалот во Берлин е преместен за во март, Оскарите за во април, Кан во јуни, така и ФЕСТ, кој, заради својата актуелност, го следи календарот на големите светски филмски настани.
„Поволните последици од вакцинацијата, која веќе зема замав во Србија, ќе се почувствуваат во април, а истата ќе биде уште помасовна во февруари и во март. Со подобро време, пред доаѓањето на пролетта ќе има многу помалку заразени, па публиката ќе може поудобно да ја почувствува атмосферата на фестивалот “ – сметаат организаторите.
План е програмата да се одржи во помали сали, но со поголем капацитет и со максимален број на проекции, од утро до доцна навечер, со цел целосно искористување на бројот на места што ќе бидат дозволени во тоа време.
– Ќе има доволно филмови, а избраната програма функционира изненадувачки добро, имајќи ја предвид филмската година зад нас – велаат од организацијата на фестивалот.