Финска – најпосакувана земја за странски работници. Оваа држава прими повеќе од 5.300 апликации за еден месец откако понуди мигрантска програма за 15 работници во технолошката индустрија. Тие ќе имаат можност пробно – 90 дена да живета во оваа нордиска земја.

Зошто и како  оваа земја во северниот дел на Европа со 5,5 милиони жители, со малку неразбирлива култура, непожелна клима и тешко совладлив јазик, толку добро котира на листата на вработување на меѓународниот пазар на трудот?

Програмата за 90-дневно пробно преместување со работа во Финска предизвика голем интерес, особено кај Канаѓаните, Британците и Американците. Тоа особено ја зацврсти позицијата на Хелсинки на мапата за поволни локации за глобалните работници.

Финска – најпосакувана земја за странски работници

Само 15 семејства ќе пробаат да се навикнат на финскиот живот

Според програмата, само 15 работници ќе имаат можност да го тестираат својот живот и да работат во Финска три месеци заедно со своите семејства. Предностите што се нудат за избраните 15 кандидати се: дочек на аеродромот, помош при првичната ориентација, курс по финска култура, услови за далечинско работење, запознавање со локалните мрежи на продавници и други услуги – онлајн и офлајн, договорени документи за престој и други искуства во запознавањето на Финска.

Успешните кандидати ќе добијат и понуди за аранжмани за сместување и згрижување на деца од училиште до градинка. Тие ќе треба сами да си го платат билетот, како и цената на сместувањето, иако и за тоа добиваат асистенција. Но, доколку нивното искуство биде позитивно на заемно задоволство, и на Финците и на работниците од странство – тие ќе добијат помош во процесот на аплицирање за постојан престој во Финска.

Оваа кампања за привлекување работна сила и нови таленти, особено во технолошката индустрија, ја организира Helsinki Business Hub.  За Програмата, која беше затворена во декември минатата година, можеа да се пријават сите над 18-години кои во моментов не живеат во Финска. Сепак приоритет им бил даден на граѓаните на Соединетите држави. Според понудата, програмата за преселување започнува во текот на овој месец, но има можности за прилагодување во зависност од условите и моменталната состојба на избраните кандидати.

Финска – најпосакувана земја за странски работници е и затоа што покрај сите поволности што ги нуди оваа програма, најмногу привлекува здравственото решение. Американците, според британскиот „The Guardian “, биле особено заинтересирани не само за условите и перспективите за работа, туку и за универзалното здравствено осигурување, дарежливите отстапки за родителство, рамнотежата помеѓу животот и работата како и близина на природата. Но, и начинот на кој финската влада се справува со пародимата.

Добри резултати во пандемија

Во Финска, бројот на лица заразени со вирусот е релативно мал во споредба со остатокот од Европа. Како пример за скандинавските земји, најчесто се гледа Шведска. Но, Финска се покажа многу подобра во справувањето со вирусот. Во пролетта 2020 година, кога нагло се зголеми бројот на инфекции ширум светот, финската влада брзо реагираше и воведе двомесечни рестриктивни мерки за затворање. Патувањето до и од Хелсинки и околните области беше забрането. Училиштата и другите институции беа затворени, а  подоцна и рестораните.

Финска беше прва меѓу Норвешка, Данска и Шведска што воведе мерки за затворање и со тоа постигна добри резултати во спречувањето на ширењето на вирусот.

Довербата во финската влада е голема – речиси и да немаше спротивставување за мерките, за разлика од остатокот од Европа. Истражувањето на Европскиот парламент (ЕУ) во првата половина на минатата година покажа дека 73 проценти од испитаниците добро се справуваат со ограничувањата. Финска има и една од најниските стапки на смртност од КОВИД-19 во светот – 85 на милион жители.

Финска – најсреќната земја во светот

Три години по ред, Финска е рангирана како најсреќна земја во светот. Во Извештајот за светска среќа на Обединетите нации (ООН), Финска беше на прво место и во 2020 година.

Извештајот за среќа ги зема предвид факторите како што се: очекувањата за здравствениот статус во животот; слободата да се прават избори во животот; бруто домашниот производ (БДП); великодушност; социјалната поддршка меѓу пријателите; перцепцијата за корупцијата; како и емоционална состојба на испитаниците.

Финска со години беше пофалувана од разни меѓународни тела за нејзината широка програма за социјални бенефиции, ниско ниво на корупција, добро функционирачка демократија и вкоренето чувство за слобода и автономија.

ОН- Финска најсреќна земја на светот

Прогресивната даночна структура и распределбата на богатството му овозможи на универзалниот систем на здравствена заштита да цвета. И, „зачудувачки“, како што напиша списанието „Форбс“ во својата анализа за „Извештајот за среќа на ООН“, повеќе од 80 проценти од Финците имаат доверба во својата полиција.   Што  не е случај со довербата во полицијата во многу други држави.

Родовата еднаквост е исто така високо на списокот на приоритети на Финска во однос на намалување на родовиот јаз во платите, како и висококвалитетното образование. Финска е всушност единствената земја во развиениот свет каде училишните деца поминуваат повеќе време со татковците отколку со мајките. Тоа се смета за доказ за прогресивноста на нацијата.

За мајките кои ќе изберат да останат дома, многу е вообичаено тоа да го прават со месеци, па дури и со години, да бидат присутни во клучните години од развојот на нивните деца.

Процут на дигиталната технологија

Финска – најпосакувана земја за работниците, исто така веќе подолго време постигнува добри резултати во глобалната економија.  Таа создаде глобални брендови како што се Nokia, SMS технологија, Rovio (развој на видео игрите на програмерот, Angry Birds), Supercell (креатори на Clash of Clans) или оперативен систем со отворен код- Линукс.

Старт-ап индустрија во Финска вреди шест милијарди евра. Оваа нордиска земја има најголем број дигитални стартапи по глава на жител во светот.

Но, згора на сето тоа, Финска се бори да ја изгради својата работна сила во растечката дигитална индустрија.

„Имаме добар училишен систем и создаваме многу инженери и програмери, но побарувачката е толку голема што едноставно не е доволна“, рече за BBC Johanna Huurre, од Хелсиншки деловен центар, кој ја организираше 90-дневната мигрантска тест програма за работа и живот во Финска.

„Не веруваме дека целата мудрост е концентрирана во Финска. Напротив, ако имаме различни интернационални таленти, тоа ќе помогне во ширењето на нашите најдобри идеи на глобално ниво“, рече Хурер.

За програма што нуди 90-дневен пробен живот во Финска, која привлече голем број заинтересирани луѓе за кратко време, Јоонас Хала од Bussiness Finland за The Guardian изјави: „Беше ова одлична кампања за претставување на Финска. (…) Она што е добро е практичен пристап. Технолошкиот сектор овде навистина напредува – според една проценка, тој треба да создаде 50.000 нови работни места во 2021 година. Потребен ни е талент “. (slobodnaevropa.org)

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.