Фолксваген стана највредна компанија на германскиот пазар на капитал, откако објави дека ќе гради фабрики за производство на батареии за електрични возила.

Редовните  акции на Volkswagen (VW) вчера се искачија за 11 проценти и со тоа неговата  пазарната вредност се искачи на 140 милијарди евра. Овој раст го тргна од водечката позиција  SAP, чија пазарната капитализација изнесува 127 милијарди евра.

„Фолксваген“ стана највредна компанија на германскиот пазар на капитал

Обичните акции на VW пораснаа за 80 проценти од почетокот на годинава. А раст од 50 отсто забележаа и  повеќе приоритетни акции за овие три месеци.

Причината за ваквиот пораст, аналитичарите ја препишуваат во големиот оптимизам на инвеститорите кон амбициите на германскиот гигант. Пред се во сегментот на електрични автомобили.

Компанијата во понеделникот објави дека ќе изгради шест фабрики за батерии во Европа до 2030 година. Секако целта е со нив да обезбеди услови за масовно производство на електрични возила. Поголемиот дел од фабриките Фолксваген ќе ги гради сам, а еден дел во партнерство со други компании. Меѓутоа важно е што Фолксваген најави производствен капацитет од 240 гигават часови годишно.

„Фолксваген“ се одлучи на овој чекор со надеж дека ќе се намали цената  на електричните автомобили, а и дека ќе се реши  проблемот со недоволна количина батерии на пазарот.

„Е-мобилноста стана основен дел од нашата деловна активност. Сега систематски интегрираме дополнителни фази во нашиот синџир на вредности “, изјави извршниот директор на VW, Херберт Дис, на собирот организиран од компанијата.

„Обезбедуваме долгорочна истакната позиција во трката за најдобра батерија. Исто така и за најдобро корисничко искуство во време на подвижност на нула емисии (штетни гасови)“, додаде Дис.

До 2023 година, компанијата сака да развие нова, стандардизирана призматична ќелија на батеријата. И со тоа да го поддржи планираното намалување на трошоците преку зголемено производство на батерии во сопствените постројки.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.