Формирање и развој на сопствен бизнис преку нови алатки и ментори за сите заинтересирани кои ќе се јават на повикот за учество во Акцелераторската програма.

Проектот „Пограничен интелигентен акцелератор за иновативни ИКТ старт-апи (ИПГА)“, финансиран од Европската Унија, објави повик за учество во обуки, како дел од акцелераторска програма, која има за цел стимулирање на претприемништвото во пограничниот регион меѓу Грција и Македонија.

Формирање и развој на сопствен бизнис преку нови алатки и ментори

Учесниците ќе имаат можност да научат за изработка на бизнис модел канвас, заштита на интелектуалната сопственост, развој на стратегија. Потоа,  пристап до финансии, подготвеност за инвестиции и презентирање пред инвеститори.

Обуките ќе ги спроведат истакнати професифоналци, кои доаѓаат од партнерите во проектот: Национален центар за развој на иновации и претприемничко учење (НЦРИПУ), Фондација Претприемачки Сервис за Млади (ПСМ), Универзитет за информатички науки и технологија (УИСТ) „Св. Апостол Павле“, Бизнис ICT Парк Тесалоники и Иновациската зона Александер во Грција.

Во рамки на акцелераторската програма, од страна на консултантската компанија PrimePoint Partners, ќе биде спроведен и натпревар за најдобрите учесници. Тие покрај обуката ќе имаат можност да добијат и исклучителни ментори кои се докажани професионалци од бизнисот. Потоа, платено учество на дводневен bootcamp во Охрид и платено учество на брокерски настан во Солун.

Учесници

Од компанијата „PrimePoint Partners” информираат дека може да аплицираат:

  • Индивидуалци кои сакаат да креираат свој бизнис
  • Тимови кои сакаат да креираат нова компанија
  • Стартап компанија во ран развој

Според пропозициите минимум еден од учесниците од тимот треба да биде со место на живеење во некоја од општините кои граничат со Република Грција

Предавањата ќе се одржат во текот на април, а дополнителните настани во текот на следните месеци (мај, јуни, јули). Предавањата ќе ги одржат професори и истакнати менаџери од Македонија и Грција.

Учеството на програмата е бесплатно и ќе се одвива онлајн! Повикот ќе биде отворен до 31ви март. Сите заинтересирани може да аплицираат со пополнување на формата ТУКА.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.