„Фруктал Мак“ лани прокнижи добивка од 18,5 милиони денари. Остварените  позитивен финансиски резултати за 2020 фабриката „Фруктал Мак“  А.Д Скопје ги прикажа во поединечниот неревидиран биланс на успех, објавен преку Македонска берза.

„Фруктал Мак“  А.Д Скопје лани прокнижи добивка од 18,5 милиони денари

Според образожението за остварените резултати на „Фруктал Мак„ А.Д Скопје, оперативните вкупни приходи изнесуваат 384.452.000 денари. Износ што во споредба со остварените вкупни приходи од 2019 година бележи намалување.

Приходите од продажба во најголем дел се приходи кои произлегуваат од продажба на сопствени производи на домашниот и странски пазар. Вкупните приходи, како што веќе забележавме изнесуваат 384.452.000 денари и бележат намалување од два отсто.

Финансиските приходи изнесуваат 720.000 денари и се со раст во однос на минатата година.

Оперативните расходи за 2020 година достигнале 364.163.000 денари. И тие бележат намалување во однос на истиот период минатата година.

Финансиските расходи се заокружени на 3.387.000 денари и се намалени во однос на минатата година.

Остварената нето добивка за 2020 година изнесува 18.596.000 денари наспроти остварената нето добивка од 19.575.000 денари истиот период претходната година.

Во извештајниот период 01-12/2020 година нема исплатени дивиденди.

 „Фруктал Мак“ а.д. Скопје?

Основна дејност на компанијата „Фруктал Мак“ АД Скопје е производство на високо квалитетни овошни сокови, нектари и пијалаци изработени без конзерванси. Или како што самите пишуваат: користејќи го најдоброто и најсочното овошје од Македонија, споено со знаењето и технологијата на стручњаците на Фруктал од Словенија- се добиваат висококвалитетни производи со препознатлив имиџ.

Фабриката е лоцирана на патот кон Зелениково на 15 километри од Скопје, во еколошки чиста околина. Се простира на површина од 220.000 м2 од кои 120.000 м2 се овоштарници насадени со праски, кајсии и јаболки. Се произведуваат готови производи за домашен и странски пазар (Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора).

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.