ФУТОРИСИМО – конкурс за дигитални решенија за помош на туризмот. Ова е првиот натпревар за западен Балкан – проект за финансирање на ЕУ за туризам организиран од Регионалниот совет за соработка (РКЦ). Преку него РКЦ ќе бара иновативни дигитални решенија што ќе помогнат во ублажување на негативното влијание на пандемијата во силно погодениот сектор на туризмот.

ФУТОРИСИМО – конкурс за дигитални решенија за помош на туризмот

Шесте најдобри со награда од по 15 000 евра

Овие дигитални решенија ќе имаат позитивен ефект во смисла на задржување на работните места, одржување на операциите и промовирање на регионот како туристичка дестинација. Шесте највлијателни и најиновативни предлози ќе бидат наградени со по 15.000 евра.

FUTOURISMO е регионален натпревар кој ги поканува заинтересираните почетни компании, претприемачи, организации итн. да предложат и развиваат иновативни технолошки дигитални решенија. Решенија за кои тие веруваат дека ќе имаат позитивен ефект врз иднината на туризмот во шесте економии од Западен Балкан.

„Минатата година, со цел да го поддржиме регионот во прилагодување на невидената ситуација во која се најдовме со пандемијата, започнавме со Балкатон – натпревар за најдобро дигитално решение на Западен Балкан. Прв од ваков вид на регионално ниво. И тоа беше успех.

Сега повторно сме пионери со Futourismo, малку посмел потфат. Туризмот беше сериозно погоден, така што ова е наш придонес да му помогнеме повторно да расте. Со нови, свежи идеи, за нови времиња што претстојат “, го потенцира значењето на овој конкурс Мајлинда Брегу, генерален секретар на РЦЦ.

Придружете се кон ефективните решенија за развој на туризмот

Натпреварот започнува денес и ќе заврши на онлајн настан на 23 февруари 2021 година. Настан на кој ќе бидат доделени наградите за решенија чиј врвен приоритет е да го направат нашиот регион безбеден, добредојден и поодржлив за локалните заедници и посетителите.

Откако ќе бидат имплементирани, овие дигитални решенија треба да дадат видлив позитивен придонес кон:

  • -создавање нови работни места,
  • -одржување  и унапредување на операциите,
  • -промовирање и маркетинг на дестинации на WB6 и
  • -олеснување на дигиталната трансформација на туристичкиот сектор.

Затоа Брегу, повикува: „Придружете ни се во поддршка на развојот на ефективни и креативни решенија што ќе му помогнат на нашиот регион брзо да се прилагоди, да одговори на кризата и да се опорави од ефектите предизвикани од КОВИД-19.“

Повеќе информации на www.rcc.int/futourismo

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.