„ Generali “ стартува со „ Fenice 190 “ – 3,5 милијарди евра за европското опоравување. Станува збор за петгодишен инвестициски план вреден 3,5 милијарди евра за поддршка и закрепнувањето на Европските економии од последиците од ковид 19. Проектот прво ги опфаќа Италија, Франција и Германија, а потоа и другите европски земји каде што работи „Генерали“.

„Generali“ стартува со „ Fenice 190 “ – 3,5 милијарди евра за европското опоравување

 Иницијатива за сузбивање на последиците од пандемијата

Generali  проектот го стратува по повод 190- годишниот јубилеј. Компанијата е основана на 26 декември 1831 година во Трст. Оваа историска годишнина ќе се слави во текот на 2021 година преку низа иницијативи за вработените, агентите, клиентите и заедниците во кои работи Групацијата. Поведена од идејата во јубилејната година да остави опиплив и траен печат поврзан за компанијата со регионите во кои настанала и се развива, се одлучи за започнување на проектот „„ Fenice 190 “. Исклучителните иницијативи за сузбивање на последиците од пандемијата, покренати во 2020 година, ќе го направат „Fenice 190“ трајно. Тоа значи инвестиции за поддршка на малите и средни претпријатија и реалната економија, кои веќе ја надминуваат утврдената сума од една милијарда евра.

Покрај оваа првична сума, Generali се обврзува да одвои 500 милиони евра годишно за одржлив раст во следните пет години, преку меѓународни инвестициски фондови со фокус на инфраструктурата, иновациите и дигитализацијата, малите и средни претпријатија, еколошко домување, здравствени установи и образование.

Генералниот директор на групацијата Генерали, Филип Доне, изјави: „“ Generali е една од ретките компании во светот што може да се пофали со толку долга историја. Благодарение на своето исклучително богато знаење и искуство, Групацијата е во состојба да се соочи со денешните предизвици и истовремено да придонесе за подобра иднина на заедниците во кои работи и како осигурител и како социјален иноватор. Одбележувањето на нашата 190-годишнина се совпаѓа со оваа клучна година во која мора да ја надминеме најсериозната глобална криза од повоениот период и да ги поставиме темелите за глобалното закрепнување.

Лидери во поддршка на најиновативните компании

Со планот „Fenica 190“, ние сакаме да бидеме лидер на ова патување, да оставиме наследство за иднината, да обезбедиме значителна поддршка на најиновативните, одржливи и стратешки важни сектори. Со цел за повторно започнување на европската економија и во исто време да поттикнеме вклучување на оние кои се најпогодени од кризата.

Планот „Fenice 190“ се спроведува преку платформата Generali Investments и е отворен за независни фондови и институционални инвеститори, како и за сите компании на Групацијата, кои можат да учествуваат во распределбата на инвестициите врз основа на нивните сопствени цели.

Со изборот на иницијативи управува комитетот за инвестиции на деловната единица Asset & Wealth Management предводена од извршниот директор Карло Тобатони, со експерти во областа на имотот, одржливоста, приватните пазари, кредитот и капиталот. Извршниот директор на Generali Real Estate, Алдо Макоко е одговорен за Одборот одговорен за исполнување на 17-те цели на Обединетите нации за одржлив развој (СДГ). И секако за специфичната цел да се направи позитивно влијание врз закрепнувањето на економијата и реалната економија во Европа.

До денес се идентификувани десет можности за  вложувања на 1,05 милијарди евра, од поддршка за европските мали и средни претпријатија до развој на зелено домување и инфраструктура. Со посебен фокус на транзицијата во областите на дигитализација, здравство и енергија, кои имаат силен фокус на еколошка и социјална одржливост.

Јубилејот на Generali – спој на минатото и иднината

Претседателот на Assicurazioni Generali, Gabriele Galateri di Đenola, рече: „Денес, повеќе од кога било и во досега невиден контекст, Групацијата Гeнерали има намера да изгради заедничка, одржлива визија за иднината за сите засегнати страни.

Оваа година, за која се надеваме дека ќе го означи почетокот на економското закрепнување, го славиме јубилејот, преку бројни иницијативи што претставуваат спој на минатото и иднината. Целта  е да се создадат нови можности за раст и размена. Ние сме цврсто решени да учествуваме во развојот на компанијата и да придонесеме за нејзината одржливост преку амбициозната програма за инвестиции „Fenice 190“. Во исто време, имаме намера да ги надградиме исклучителните вештини и наследството на историјата на компанијата за да можеме да поттикнеме развој на ново знаење и да ги инспирираме идните генерации “.

Generali одбележува 190 години постоење со низа иницијативи што ќе се случат во текот на 2021 година.  Една од тие е планирата реставрацијата и реновирање на зградата Procuratie Vecchie во Венеција. Таа се очекува да заврши во декември, а сереновира според проектот на студиото „ David Chipperfield Architects“. Зградата ќе биде отворена за јавноста по 500 години и ќе стане глобален центар на фондацијата David Chipperfield Architects.

Фондацијата „The Human Safety Net “ е основана во 2017 година со мисија да им помогне на загрозените  луѓе да го реализираат својот потенцијал и да ги подобрат условите за живот на нивните семејства и заедници. Програмите нудат поддршка на семејствата со деца под  шестгодишна возраст и ја промовираат интеграцијата на бегалците преку работа и претприемништво.

Платформа за социјални иновации

Иницијативата The Human Safety во моментов постои во 23 земји и тесно соработува со мрежа од над 50 непрофитни организации за да има што поголемо влијание врз заедниците.

Оваа платформа за социјални иновации со седиште во Венеција ќе иницира наменски активности, а своите капацитети ќе ги искористи за размена на идеи што се однесуваат на најитните социјални теми. Така, Генерали чекори кон својата цел – Венеција да ја претвори во престолнина на одржливост.

На есен е планирано да се започне иницијативата EnterPrize, чија цел е да ги охрабри европските мали и средни претпријатија да усвојат одржливи работни модели, да им овозможи видливост на оние што веќе го сториле тоа и да се поттикне јавна дебата на оваа тема. Ќе биде лансирана онлајн платформа за споделување на најдобрите практики и преземање содржини и информации за одржливоста. Во исто време, ќе биде презентирано првото издание на Белата книга за одржливост, креирана во соработка со Univerzitetom Bocconi. Таа е посветена на ефектите од воведувањето на принципот на одржливост во европските мали и средни претпријатија.

Во одбележувањето на 190-годишнината ќе учествува и градот Трст, каде што беа основани Generali и локалната заедница. Во новите простории на зградата „ Palazzo Berlam“,  за јавноста ќе се отвори Историскиот архив на компанијата, во иновативен интерактивен формат.Исто така, ќе има курсеви и предавања за Академијата на Групацијата, новиот глобален центар за обука.

Во духот на традицијата на обработка на современи теми преку рекламни постери, во рамките на проектот „Ова е утре“,Generali ќе ангажира пет млади италијански и меѓународни уметници. Тие ќе го претстават своето толкување на петте области најважни за Групацијата преку дизајнирање на постер и на нов начин ќе ја претстават реалноста.

Именувани 190 лавови

Во одбележувањето на историјата долга 190 години ќе учествуваат повеќе од 70.000 вработени во Групацијата. Тие како дел од глобалната иницијатива, на посебна платформа ќе ја раскажат својата приказна за Generali. Ќе го поврзат своето лично искуство со богатото наследство на компанијата. На овој натпревар ќе бидат избрани најдобрите приказни и ќе бидат именувани 190 лавови, кои ќе можат активно да учествуваат во иницијативата по повод 190-годишнината на компанијата Generali.

Веб-страницата на групацијата generali.com, во новиот дел посветен на годишнината, ќе ги претстави главните иницијативи и содржини поврзани со историјата на Generali.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.