Германската  и’ пружа рака на македонската економија. Македонската, како и светската економија, е длабоко погодена од пандемијата на вирусот „корона“.

Животниот стандар на огромен процент од населението тоне. Македонија е, заедно со Албаниија и Босна и Херцеговина, најсиромашната земја во Европа и една од најсиромашните во светот. Епидемијата ја намали вработеноста и покрај помошта и мерките на владата, односно пак го крена и така високиот процента на невработеностa.

Германската и’ пружа рака на македонската економија

Како да се излезе од оваа ситуација

Прашање е како да се излезе од оваа ситуација, по кој пат да се тргне, особено ако се има предвид дека многу довчерашни странски партнери, кризата ги има срамнето со земјата. Односно веќе не постојат, а и многу домашни фирми ги нема веќе во списокот на централниот регистар.

Една од можноститие е таа што ја нуди Германско-македонската комора, а тоа е  прибирање нови клиенти од Македонија, Албанија и Косово и презентација на нивните компании во Германија.

Фактички со оваа услуга им се овозможува на компаниите од Западниот Балкан пристап на германскиот пазар, што на многу фирми е дамнешен сон. Истовремено, за германските компании се јавува можности во однос на Lean менаџментот. Тоа подразбира оптимизирање на процесите со намалување на активностите без додадена вредност, потоа оптимизирање на трошоците, како и диверзификација на ризиците.

Во моментов се основа Советот на експерти за проширување на синџирите на добавувачи.

Членови на Советот се значајни личности во индустријата и стопански здруженија во Германија. Овој Совет ќе ја врши проценката во однос на компетентноста за извоз на македонските, албанските и косовските компании. Делегацијата на германското стопанство во Македонија се надева дека оваа услуга ќе го разбуди интересот кај компаниите. Ако  некоја компанија добие позитивна оценка од Советот на експерти, мрежата на германските комори ширум светот ќе биде отворена за неа.

Компаниите од Македонија можат да се обратат на следнава адреса (tomova@nordmazedonien.ahk.de).

Стипендии на германското стопанство

Повик до компании да станат дел од програмата за стипендии на Германското стопанство за 2021

Одборот на германското стопанство за Источна Европа и Делегацијата на германското стопанство во Македонија ја спроведуваат програмата за стипендии на Германското стопанство за 2021 година за Северна Македонија.

На македонските компании им се нуди одлична можност да привлечат високо квалификувани млади професионалци. Кандидатите треба да се школувани во областите на економијата, инженерството, информатичката технологија, биологијата, хемијата, новинарството, правото или земјоделските науки, и одлично да зборуваат англиски или германски јазик.

Целта на оваа програма е да обезбеди практична работа за квалификувани кандидати од Северна Македонија во најуспешните компании во Германија, во период од три до шест месеци. Оваа програма е поддржана од Владата на Сојузна Република Германија, која воедно ги покрива и трошоците за нејзино спроведување. Обезбедени се административната и организационата подготовка: избор на кандидат, виза, работна дозвола, здравствено осигурување, пристигнување и заминување на практикантот од Германија итн.

Сојузната влада плаќа месечна стипендија, курс за германски јазик итн.

Практиката во компаниите ќе почне на 1. јули 2021!

Детали можат да се добијат на e-mail адресата: a.mueller@oa-ev.de или на www.stipendienprogramm.org

 

Економски односи со Германија

Германија е најважниот трговски партнер на Македонија и е една од ретките земји со која остваруваме позитивен трговски биланс. Ова се должи на германските инвеститори од автомобилската индустрија, кои ги извезуваат своите производи во Германија за натамошна обработка. Според тоа, полу-готовите производи за индустриска преработка се најважниот извозен производ.

Натамошниот развој на надворешната трговија во голема мерка зависи и од развојот на германската економија.

Билатералната размена на стоки со Германија достигна волумен од  четири милијарди евра во 2019 година. Тоа претставува зголемување од скоро петтина во однос на истиот период претходната година.

Како што рековме, интересно е што македонскиот извоз во Германија има значителен суфицит во однос на увозот. Германските испораки во Македонија се зголемија за осум проценти на околу 960 милиони евра во 2019 година.

Увозот од Македонија достигна над 3,1 милијарди евра, што е за 15 отсот повеќе од претходната година.

Најважните германски извозни производи увезени кај нас се примарните производи за текстилната индустрија, неметалните суровини и хемиските производи.

Кога станува збор, пак, за увозот од Македонија, хемиските производи, облеката и машините се најзастапени.

Бране Стефановски

 

 

 

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.