Германската компанија „Ипротекс“ ќе инвестира пет милиони евра во Технолошко-развојната зона Скопје.  Од овие средства само 20 проценти се вложувања во градежниот објект. Останатите 80 проценти ќе се вложат во нови технологии. Во моментот се ангажирани 25 лица кои ќе примат просечна плата која е за 10 проценти повисока во однос на просечната плата исплатена во зоните.

Објектот ќе се протега на површина од 49 метри квадратни. Планирано е да започне со работа на крајот на јануари или почетокот на февруари.

 

Договорот за државна помош беше потпишан денеска во Владата од страна на директорот на Дирекцијата на Технолошко-развојните зони Јован Деспотовски и на управителот на „Ипротекс“, Блаже Левовски.

Компанијата нема да користи државна помош за работните места

Согласно законската регулатива на компанијата и следат до 50 проценти поддршка во однос на реализацијата на инвестициските трошоци. Но,  нема да користи државна помош за работните места.

– Договорот беше заклучен кон крајот на минатата година. Работиме на моделот малку да го рекструираме односно да имаме поголема фелскибилност, меѓутоа за овој договор имаме стандардна структура што предвидува 20 проценти од овие 50 проценти да бидат финансиски средства, но субвенции во вкупен износ не поголем од 800.000 евра, а останатите да бидат даночни и царински ослободувања што компанијата ќе може да ги користи, истакна директорот на ТИРЗ.

Германската компанија „Ипротекс“ ќе инвестира пет милиони евра во Технолошко-развојната зона Скопје.

Тој е задоволен што со оваа инвестиција вработените ќе добијат повисоки плати од просечните во зоните, иако вели целта е платите во зоните да растат и да го надминат просекот во државата.

– Не станува  збор за рекордно големи бројки, меѓутоа е важен чекор напред кон реализација и наша поставена цел. А, тоа е да креираме работни места, но добро платени. Во моментот се ангажирани 25 лица. Според деловниот план на компанјара само во оваа фаза бројката на  вработени ќе достигне до 30 наши сограѓани кои ќе го остваруваат своето право за пристојна заработувачка, “ истакна директорот по потпишувањето на договорот.

Германската компанија „Ипротекс“, која произведува технички текстил е основана 1999 година. Таа има шест фабрики на четири континети. Годишниот обврт е над 30 милиони евра.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.