– За мене лично, “Крокодили долазе“ е една од моите омилени песни што ги направив, а денес го гледам „Пакет аранжман“како еден од најдобрите албуми од 80-тите и како едно од најдобрите студиски изданија на југословенскиот рок во генерално. Можеби дури и како највлијателен албум некогаш снимен во Југославија, вели лидерот на „Електрични оргазам“ – Срѓан Гојковиќ Гиле, евоцирајќи го споменот на златните години и времето на Новиот бран, кој сега слави јубилеј – 40 години постоење.

 

Според Гиле, процутот на Новиот бран подоцна роди некои „понежни“ форми, како што е новиот романтизам, кој, според мислењето на Гиле, го означи крајот на исконскиот Нов бран.


– Новиот романтизам беше грозно движење, никогаш не ми се допадна. Тоа беше веројатно моментот кога започна крајот на Новиот бран, кога сè започна да го губи своето значење и квалитет. Никогаш не би ги идентификувал Нов бран и Нов романтизам, а уште помалку Нов бран и Нов примитивизам – дециден е Гиле.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.