Google ја менува постапката за дигитално рекламирање. Google планира да престане со продажба на реклами засновани врз индивидуални пребарувања на повеќе веб-страници. Постапка што може да го забрза пресвртот во индустријата за дигитално рекламирање.

Alphabet Inc, односно матичната компанија на Google, наведе дека од 2022 година, планира да престане да вложува во технологии за следење, кои единствено ги идентификуваат корисниците на мрежата додека пребаруваат (сурфаат).

„Индивидуално следење“

Одлуката на најголемата светска компанија за дигитално рекламирање може да и помогне на индустријата да се ослободи од употребата на „индивидуално следење“, кое има се повеќе критичари, поради нарушување на приватноста.

Кога Google носи ваква одлука, тогаш тоа сигурно има тежина, пишува WSJ. Значи, конкурентите би можеле да ја разгледаат и таа опција, со цел достоинствено да се натпреваруваат на пазарот.

Многу компании денес се потпираат на „следење“ на поединци на интернет, со цел да го прилагодат поставувањето реклами или да го понудат она што „одговара“ на афинитетите на корисникот, врз основа на неговите пребарувања.

„third-party cookies“-се укинуваат

Google за глобалните трошоци за дигиталните реклами лани потроши 52 отсто од 292 милијарди долари, информираше консултантската фирма „ Jounce Media“. Таканаречените „колачиња од трети страни“ (third-party cookies”) треба да бидат укинати следната година.

Но, тоа не значи дека Google ќе гради алтернативни технологии за следење или дека ќе ги користи оние развиени од други за да ги замени колачињата. Наместо тоа, неговите алатки за купување реклами ќе се базираат на технологии кои „ја штитат приватноста“, пренесуваат медиумите.

На огласите ќе се насочува без собирање информации за поединци од повеќе веб-локации. Една таква технологија ги анализира навиките за пребарување на корисниците на сопствените уреди и им овозможува на огласувачите да целат кон слични групи или луѓе со исти или слични интереси.

Google ја менува постапката за дигитално рекламирање

Тестирањето на оваа технологија треба да започне во вториот квартал од годинава. Треба да знаете дека околу 40 проценти од парите што одат од огласувачот до издавачот на отворен интернет одат преку алатките на Google за купување оглас.  Практично тоа вклучува дел од дигиталното рекламирање надвор од затворени системи како што се Google, YouTube или Facebook пребарувањата.

Промената е добра за потрошувачите

Планираната промена на Google предизвика некои проблеми во светот на рекламите. Во моментот, огласувачите ги користат податоците собрани од прелистувањето на луѓето низ мрежата. Така откриваат кому да му сервираат реклами и дали насочениот корисник продолжил да го купува рекламираниот производ. По промената на Google, огласувачите нема да можат да добијат подетална слика за ниту едното ниту другото. Сепак, други директори на рекламната индустрија рекоа дека промената е добра за потрошувачите. И тие изразија надеж дека новите технологии на таргетирање на Гугл сепак ќе им помогнат на брендовите да ги постигнат своите цели во мрежниот маркетинг.

Компанијата Apple Inc. продолжува со своите планови за ограничување на следењето со употребата на апликацијата, барајќи од програмерите да добијат дозвола за најава пред да собираат идентификатори за огласувања на  iPhone. Во исто време, регулаторите за приватност на ЕУ поднесоа неколку поплаки за информации споделени од веб-страниците со трети страни.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.