Изложбата „Љубов е љубов: Радоста на венчавката за сите Жан Пол Готје“ во Музејот на современа уметност во Белград,  поради големиот интерес на публиката е продолжена до 1. март.

На Денот на вљубените, 14 февруари во 18 часот, историчарот на модата, Стефан Жариќ ќе организира специјална програма со темата „Љубов за сите: Светот на различностите на Жан Пол Готје“.

Изложбата „Љубов е љувов: Радоста на венчавката за сите Жан Пол Готје“ во Белград, свечено отворена на 28-ми ноември 2020-та, е европска премиера на оваа изложба, која на српската јавност и носи 38 луксузни венчаници, создадени во периодот 1990-2000 година, од кои осум никогаш не биле дел од изложбата порано.

Готје: Го сакам Белград, би сакал уште еднаш да го видам вашиот прекрасен град

Готје, кој не успеа да дојде на отворањето на изложбата во Белград, поради епидемиолошката состојба во Франција, на отворањето и се обрати на српската јавност:

– Многу сум среќен што ќе ја видите изложбата „Љубов е љубов“. Да, навистина – љубов е љубов, а јас го сакам Белград. Среќна сум, но за жал не можам да бидам со вас, оти сè уште сум во Париз поради пандемијата.

Но, ќе размислувам на Белград. Имам одличен амбасадор, кој работи со мене веќе 12 години – Јелка Мусиќ, која е Србинка. Би сакал да ја видам во Белград, уште еднаш да го видам вашиот прекрасен град “, порача Готје на отворањето.

Дека и за високата мода многу треба да се плати, покажува уште еден параметар врзан за оваа изложба. Имено, целата организација на изложбата на Готје во Белград чинела околу 100.000 евра!

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.