„Гранит“лани со значително намалена добивка. Минатата година Друштвото оствари добивка во износ од 65.216.000 денари, која е помала за 126.103.000 денари во однос на 2019. Додека вкупната сеопфатна загуба изнесува 139.234.000 денари. Но и покрај намалената добивка  ГД „Гранит“ АД Скопје во 2020 година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираните единечни финансиски извештаи, доставени до Македонска берза.

„Гранит“лани со значително намалена добивка

Приходи -раскоди

Остварените единечни вкупни приходи за минатата година изнесуваат 4.422.116.000 денари. Тие во споредба со остварените во 2019  година бележат намалување за 18 проценти.

Остварените единечни  вкупни расходи во 2020 година се во износ од  4.356.900.000 денари Тие во односна 2019 година бележат зголемување за 16 отсто .

Минатата година Друштвото оствари добивка во износ од 65.216.000 денари. Минатогодишната добивка е помала за 126.103.000 денари во однос на 2019. Додека вкупната сеопфатна загуба изнесува 139.234.000 денари.

Зголемување на пазарната вредност на акциите

Останатата сеопфатна добивка која беше остварена во 2020 година во износ од 74.019.000 денари произлегува од зголемување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото. Тоа особено доаѓа до израз во третиот и четвртиот квартал на 2020 година.

Минатата година акционерите на  годишното Собрание на акционери одлучиле да има распределба на дивиденда. На годишното Собрание на акционери за 2019 година кое е одржано на 11.05.2020, е одлучено да се распредели износ од 92.331.000 денари за дивиденда. Средствата се собрани преку распределба од акумулираните добивки на Друштвото остварени до 31.12.2008 година. Бруто дивиденда по акција изнесува 33,33 денари.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства  во текот на 2020 година  се заокружија на 143.650.000 денари. При тоа за софтвер се вложени 9.393.635 денари за градежни објекти 7.145.980 денари. За градежни машини и опрема 36.378.554 денари. За транспортни средства, комерцијална опрема и инвентар 71.282.528 денари. И за инвестиции во тек 19. 449.429 денари . Или се вкупно 143.650.126 денари.

Очекувања во престојниот период

„Гранит“ континуирано ги следи движењата во националаната, регионаланата и глобалната економија со цел да се добијат информации за полесно одлучување.

Друштвото оперира во сектор градежништво кој не е директно погоден од пандемијата како секторите туризам, угостителство и слични такви дејности. Секторот градежништво во времето на текот на пандемијата продолжи да функционира но во изменети и новонастанати околности. Пред се поради отежнати и успорени активности  предизвикани од проблемите со транспорт на луѓе и стоки до соодветните објекти за градење.

Друштвото ги презема сите неопходни активности за прилагодување на новонастаната состојба и ќе настојува да ги заврши сите предвидени активности според плановите за градење со инвеститорите. Тоа секако во наредниот период пред ќе зависи од слободното движење на стоки и луѓе, како и ограничувањата на движење дадени од надлежните органи.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.