Групацијата „Макпромет“ лани оствари добивка од 10,5 милиони денари, покажува неревидираниот консолидиран извештај за работењето, што групацијата го достави до Македонска берза.

Групацијата „Макпромет“ АД Штип се занимава со производство на пекарски и кондиторски производи, графичка дејност, трговија и услуги. Матично друштво на Групацијата е  Акционерското друштво „Макпромет“ Штип . Основната дејност на матичното друштво е производство и трговија со прехранбени производи, но е регистрирано и за вршење на голем број други дејности.

Акционерскиот капитал на матичното друштвото е во вредност од 3.067.442 евра со 59.993 акции. Номиналната вредност на една акција изнесува 51.13 евра. Друштвото спаѓа во групата на големи деловни субјекти и има три подружници и тоа:

  • Подружница ЖИТО ЛЕБ со седиште во Штип и
  • – Производство на мелнички производи,
  • Подружница Магацин
  • – Трговија на мало во неспецијализирани продавници, претежно со храна, пијалоци и тутун.
  • Подружница за вршење на сметководствени работи. Сметководствени, книговодствени и ревизорски работи и даночно советување.

Вкупниот број на вработени во Групацијата во 2020 година  изнесува 165.

Друштвото „Макпромет“ Штип   во 2020 година е 100 процентен сопственик на две друштва формирани од него и тоа:

  1. „Европа“ ДООЕЛ за производство и трговија на кондиторски производи.
  2. „Илинден 2002“ ДООЕЛ заштитно друштво;

Влијанија врз работењето на друштвото

Општите услови на стопанисување на ниво на целата држава неминовно се рефлектираа и на работењето на Групацијата „Макпромет“. Покрај негативниот економски амбиент   произлезен од пандемијата, битно влијание на работењето имале и:

  • зголемената конкуренција на пазарот во дејностите кои ги остварува групацијата;
  • долгогодишно градење на коректни односи со комитентите;
  • интересот за продолжување на соработката со голема доверба.

Групацијата „Макпромет“ лани оствари добивка од 10,5 милиони денари

Максимално искористување на капацитетите

Во текот на 2020 година Групацијата „Макпромет“ Штип  управувањето и раководењето го организира преку преземање мерки и активности за одржување на економската стабилнот во услови на пандемија, како и подобрување на материјалната и финансиската состојба на друштвата.

Активностите биле насочени кон зголемување на продуктивноста, а со цел ставање во функција и целосно искористување на капацитетите на опремата која била набавена во претходните години. Воедно и зголемување на обемот на производство, проширување на производствениот асортиман преку воведување на нови производи, како и освојување на нови пазари за пласман на производството. Меѓутоа во целото опкружување како и на светско ниво економските текови отидоа надолу поради пандемијата.

Финансиските показатели- позитивни

Во 2020 година Групацијата оствари финансиски резултат во износ од 10. 598 000 денари.

Остварените оперативни приходи од 308.176.000 денари лани се состојат од:

  • приход од продажба на производи на домашен пазар во износ од 175.000 денари.
  • приход од продажба на производи на странски пазар во вредност од 720.000 денари.
  • останати оперативни приходи во висина од 281.000 денари

Вкупните оперативни расходи лани достигнале 297.578.000 денари и се состојат од:

  • трошоци за суровини и материјали и електрична енергија од 484.000 денари
  • набавната вредност на продадени материјали во висина од 769.000 денари
  • за услуги кои имаат карактер на материјални трошоци се потрошени 127.000 денари.
  • платите и други надоместоци за вработените изнесувале 102.000 денари.
  • за останати оперативни трошоци се потрошиле 096.000 денари.

Групацијата во градежни објекти вложила 2.283.000 денари, а во постројките и опремата околу 3.179.000 денари.

   Во претстојниот период

Во наредниот период, во Групацијата планираат да продолжат со преземање на активности за надминување на проблемите и потешкотиите со кои се соочува друштвото во работењето. Пред се поради пандемија која значително го отежна работењето, а особено извозот.

 Во следниот период Групацијата „Макпромет“ Штип своето внимание, освен кон прилагодување во услови на пандемија, ќе го насочува кон зголемување на приходите од продажба на производи и услуги, преку задржување на постојните клиенти и привлекување на нови потрошувачи на неговите производи со максимално ангажирање на вработените, намалување на трошоците и максимално искористување на капацитетот.

Со залагањето на менаџерскиот тим  во насока на истражување на пазарот ќе се создадат претпоставки за остварување на поголем позитивен финансиски резултат.

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.