Групацијата НЛБ лани генерира 268,9 милиони евра нето добивка. Прелиминарните неревидирани финансиски резултати на НЛБ Групацијата покажуваат дека 2020 година, и покрај предизвиците на пандемијата и како резултат на тоа економската хибернација, беше многу солидна година со основни приходи од заеми, а бизнисот со надоместоци и провизии брзо се врати на претходното ниво.

Групацијата НЛБ лани генерира 268,9 милиони евра нето добивка

Резултатите на Групацијата ја демонстрираат стабилноста и еластичноста на нејзиниот одржлив деловен модел, вклучувајќи ги добрите критериуми за преземање ризици во сите економски циклуси.

Оперативен приход од 504,5 милиони евра

Вкупниот нето оперативен приход на Групацијата НЛБ изнесуваат 504,5 милиони евра. Тоа претставува умерено намалување за два процента во однос на претходната година (во 2019 година изнесувал 517,2 милиони евра).

Добивката пред исправките на вредноста и резервациите изнесувала 210,5 милиони евра, што претставува само еден отсто намалување во однос на истиот период во претходната година, поткрепено од неповратните приходи (продажбата на НЛБ Вита и должнички хартии од вредност).

Добивката по оданочување изнесува 268,9 милиони евра. На што силно влијаеше аквизицијата на Комерцијална банка а.д. Београд, која имаше нето позитивно влијание на негативата во износ од 137,0 милиони евра. И дополнително се утврдени 13,4 милиони евра за очекувани кредитни загуби на портфолиото со учинок во Групацијата од Комерцијална банка. Ако се исклучи влијанието на аквизицијата, профитот на Групацијата би изнесувал 141,3 милиони евра. Тоа значително ги надминува претходните прогнози, е образложено во извештајот.

Вкупно, Групацијата НЛБ утврди оштетувања и резерви во износ од 71,4 милиони евра, главно поврзани со епидемијата. Трошоците на ризик поврзани со кредитниот ризик изнесуваат 74 основни поени. Групацијата НЛБ пред аквизиција имаше 62 основни поени. И тие беа пониски од насоките, главно заради многу солидните трендови за квалитет на имотот во Словенија и континуирано успешно работење со NPL акциите и  NPL  залихите.

Групацијата применуваше многу строга дисциплина во однос на активностите за ублажување на трошоците, намалувајќи ги за четири проценти на годишно ниво. Така што вкупната вредност е заокружена на 293,9 милиони евра, што  доведува до сооднос трошок-приход од 58,3 проценти.

Комерцијална донесе плус 4,3 милијарди евра

Адекватноста на капиталот изнесува 16,6 проценти. Според нив, 92,2 милиони евра од добивката за 2020 година, се предвидени за распределба на дивиденда. Додека вишокот на капитал над регулаторното барање претставува цврста основа за континуиран раст.

Преземањето на Комерцијална банка а.д. Белград на крајот на декември 2020 година додаде 4,3 милијарди евра на билансот на состојба на Групацијата. Со што вкупниот имот на Групацијата НЛБ достигнаа скоро 20 милијарди евра (19,6 милијарди евра). Заклучувањето на овој процес означи уште една многу важна пресвртница во стратегијата на Групацијата да станат водечка финансиска институција фокусирана и со седиште во матичниот регион – Југоисточна Европа.

Како што стои во извештајот,Надзорниот одбор не само што е исклучително задоволен, туку и неизмерно горд на успешното завршување на процесот на преземање на српската Комерцијална банка. „ Меѓутоа напорната работа,како што нагласува претседателот на НО, Примож Карпе,-уште не е завршена. Таа продолжува со интеграција на најновите членови на НЛБ Групацијата во семејството и усогласување на услугите, производите и системите.“

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.