Хрватска ги претвора туристите во жители за да го спаси туристичкиот сектор од кризата. Во Македонија  за спас на туристичката сезона Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора  бара бесплатни ПЦР тестови за странските туристи.

Хрватска ги претвора туристите во жители за да го спаси туристичкиот сектор од кризата

Хрватска ги претвора туристите во жители за да го спаси туристичкиот сектор од кризата.  За тоа колку е топло туристичкото гостопримство во Хрватска, опширно известуваше  Си –ен-ен запознавајќи ги американските граѓани со туристичкиот потенцијал на оваа земја.

Уште во текот на летото, без никакви ограничувања и претходни обврски, Хрватска обезбеди одмор за скоро сите посетители на прекрасниот јадрански брег, а исто така и во средновековниот град, градот „Игра на престолот“, Дубровник.

Според американските новинари, Хрватска се покажува како добар домаќин. Сите туристи надвор од ЕУ се многу добредојдени на хрватско тло. Се разбира, ако го поминат тестот за корона или карантин.

Покрај тоа, Хрватска целосно ги ублажува бирократските процедури за сите оние кои сакаат да останат подолго од пријавениот одмор. Издава едногодишни безвизни дозволи за престој на оние кои сакаат да останат со нив без поголеми формалности.

Поттикнувањето на долгорочниот туризам -клуч за надминување на кризата

Патем, Хрватска не  ја споделува судбината на Дубаи, каде значително се  влоши нејзината епидемиолошка слика поради прекумерното гостопримство кон странските гости.

Хрватска смета дека поттикнувањето на долгорочниот туризам е клучно за надминување на кризата. Новите законодавни правила што го поедноставуваат доаѓањето на туристи надвор од границите на Европа на хрватско тло стапија на сила во јануари оваа година.

Заради оваа новина, првите туристи дојдоа од Велика Британија, Мексико, САД, Сингапур итн. Сите гости се т.н. дигитални номади кои ја носат својата работа со нив. Значи, не им треба канцеларија за да ја завршат работата, или нивната канцеларија е целиот свет.

Како што објави Си-Ен-Ен, поради новото законодавство во Хрватска, тие го договориле своето патување и останале таму побрзо, полесно и, пред сè, без компликации. Сите „дигитални номади“ и новите жители на Хрватска за Си-Ен-Ен изјавиле дека веруваат дека идејата на хрватската влада е многу добар начин да се спаси туристичката земја од кризата поради пандемијата.

Таа идеја, т.е. идејата за издавање на дозволи за подолг престој за дигитални номади најпрво беше објавена на социјалните мрежи. Холанѓанец ја напиша како апел до хрватската влада.

Дигитални номади

Да потсетиме дека идејата за воведување дозвола за престој на дигитални номади беше идејата на Јан де Јонг, холандски претприемач и инвеститор кој живее во Хрватска од 2006 година. Во јули, лани хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ објави отворено писмо на LinkedIn: Потенцијални економски придобивки од прифаќањето теле-работници. Пленковиќ ја прими пораката и, по консултација со Де Јонг, во декември 2020 година беа усвоени соодветни измени во законодавството за имиграција. За Де Јонг е корисно да се прифаќаат дигитални номади како долгорочни туристи.

– Хрватска е безбедна земја со медитерански начин на живот што ќе биде привлечна за многу дигитални номади, рече тој. „Ова е многу пријатна и гостопримлива земја, а гостопримството кај луѓето е големо. Покрај поволната клима, Хрватска има неверојатна природа и повеќе од 1.000 острови. Луѓето зборуваат англиски многу добро. Исто така, има добар интернет и пристапни врски на патници до остатокот од Европа. Животот овде е убав. Покрај тоа, дигиталните номади ќе можат да ги трошат своите приходи тука, во Хрватска, и не на друго место во светот,’ ја објасни својата идеја Де Јонг.

Бесплатни ПЦР тестови за странски туристи во Македонија

Бесплатни ПЦР тестови за странски туристи и итно профункционирање на Комитетот за туризам бараат туристичките работници.

Бесплатни ПЦР тестови за странски туристи во Македонија

Итна операционализација на мерката бесплатни ПЦР тестови за странските државјани кои ќе докажат туристички или деловен престој во земјава со хотелска сметка или ваучер издаден од туристичка агенција, бара Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија.

Оваа мерка, потсетува Здружението, е дел од петтиот антикризен пакет што го усвои Владата и е донесена на барање на бизнис секторот.

Здружението има и конкретен предлог како да се спроведе ваквата поддршка.

За организирани туристички групи тестовите да бидат земени во објектот каде е сместена групата по упатено барање од страна на сместувачкиот објект, а резултатите да бидат издадени на англиски јазик во рок од 24 часа. Тестовите да бидат овозможени за државјаните на земјите на кои ќе им бидат потребни при влез назад во матичната држава. Засега, единствени валидни тестови според СЗО се ПЦР кои до моментов се задолжителни за влез во државите членки на ЕУ, вклучително и Бугарија и Грција, но и во државите кои не се членки на ЕУ, а кои се од значење за нашата економија и туризам, како Турција и Израел, истакна заменик-претседателот на Здружението, Александар Кузмановски.

Според Здружението, треба да се подготват и протоколи за дејствување во случај на позитивни резултати од направениот ПЦР тест.

Хотелите да издвојат пет отсто од вкупниот капацитет (најмалку две и најмногу 10 соби) за изолација на лица со позитивен резултат, а најблиската градска или локална болница да ја следи здравствената состојба на позитивното лице до негово оздравување. Во случај на потребна медицинска нега лицето да биде згрижено во најблискиот КОВИД центар на товар на ФЗОМ.

При вакви околности и во случај на делумно субвенционирани тестови или ограничена цена која нема да надминува 1.200 денари, домашните и странските партнери ќе бидат во можност да ги споделат трошоците за КОВИД тестот и сето тоа да се направи низ безбедна и утврдена процедура која ќе овозможи зголемена деловна активност и проодност на патници, но и организирани туристички движења, објасни заменик-претседателот на Здружението.

 

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.