Huawei 5G мрежата на првото место според корисничкото искуство на операторот. Според тестирањето на искуството со 5G спроведено од независни организации во поголемите градови низ светот, мрежата Huawei 5G го зазеде првото место врз основа на корисничкото искуство на операторот, беше објавено денес за време на презентацијата на Годишниот извештај на оваа компанија за 2020 година.

Huawei 5G мрежата на првото место според корисничкото искуство на операторот

Приходите на компанијата од глобална продажба во 2020 година се 136,7 милијарди долари, што е за 3,8 проценти повеќе од претходната година.

За време на кризата функционирале 1500 мрежи во 170 земји

Според заменик претседателот на Хуавеи, Кен Ху, компанијата минатата година дополнително го подобрила својот бизнис. Додека резултатите во голема мерка се во согласност со предвидувањата.

„Во текот на изминатата година се држевме цврсто, иако се соочивме со неволји. Продолживме да иновираме за да ја оправдаме довербата на нашите клиенти, да помогнеме во борбата против пандемијата и да го поддржиме економското закрепнување и социјалниот напредок низ целиот свет.

И покрај предизвикувачката околина, остануваме посветени на глобализираниот и разновиден синџир на снабдување – оној што не се потпира на ниту една земја или регион, туку на употребата на глобалните ресурси за да се обезбеди континуитет во снабдувањето“, вели Кен Ху.

Во 2020 година, компанијата Хуавеи обезбеди стабилно работење за повеќе од 1.500 мрежи во над 170 земји и региони за време на изолацијата предизвикана од пандемијата, што ја олесни работата на далечина, учење преку Интернет и купување на луѓето ширум светот.

Преку соработка со операторите, Huawei спроведе повеќе од 3.000 иновативни 5G проекти во над 20 индустрии. И тоа како што се ископување јаглен, производство на челик и самото производство.

Во 2020 година, оперативните приходи на Huawei достигнаа 46,4 милијарди долари, што е за 0,2 проценти повеќе од претходната година.

„Од секого, за секого“

Во  2020 година, претприемачкиот бизнис на Huawei  вложи во развој на иновативни решенија засновани на сценарио и создавање дигитален екосистем „Од секого, за секого“. Повеќе од 500 компании во над 700 градови низ целиот свет го избраа Хуавеи за нивен партнер за дигитална трансформација.

Исто така,  Huawei најави Intelligent Twins, првата референтна архитектура што поттикнува надградување на интелигентната индустрија.

За време на пандемијата, Huawei обезбеди техничка експертиза и решенија, клучни за борба против вирусот. Еден пример е дијагностичко решение кое со помош на вештачка интелигенција (АИ) засновано на Huawei Cloud им помогна на болниците ширум светот да го намалат оптоварувањето на нивната медицинска инфраструктура. Huawei исто така, во соработка со партнери ја лансира платформата за учење во облак. Неа ја следеа повеќе од 50 милиони ученици од основно и средно училиште.

Во 2020 година, приходите од претприемништво на компанијата достигнаа 15,4 милијарди долари. Сума која ги надмина за 23 проценти  приходите од претходната година.

Над 750 милиони корисници на паметни телефони

Со воведувањето на системот HarmonyOS и екосистемот на Huawei Mobile Services (HMS), бизнисот на компанијата направи чекор напред со својата стратегија за беспрекорен AI Life („1 + 8 + N“). Со тоа на своите клиенти им обезбеди интелигентно искуство на сите уреди.

Во 2020 година, Huawei надмина 750 милиони корисници на паметни телефони ширум светот. Приходите од деловните активности на Huawei достигнаа 74,1 милијарди долари, што е за 3,3 отсто повеќе од претходната година.

„Во 2021 година нè чека сложено и нестабилно глобално опкружување.  Можност од повторно ширење на вирусот и геополитичката несигурност ќе претставуваат постојани предизвици за глобалната заедница. Huawei длабоко верува во моќта на дигиталната технологија. Ќе обезбеди нови решенија за проблемите со кои се соочуваме сите. И ќе продолжи да ги надминува границите на технологијата“, рече Кен Ху.

„Ние сакаме да создадеме дигитална технологија што ќе го направи животот подобар, компаниите поинтелигентни, а општеството поинклузивно. Ова на крајот ќе нè приближи до целосно поврзаниот, интелигентен свет “, рече Кен Ху.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.