Во пресрет на дистрибуцијата на српскиот филм „Дара из Јасеновца“ на Предраг Антонијевиќ во САД, чиј старт е најавен за 5. февруари, некои американски медиуми го критикуваат филмот и темата со која се занимава, но една, негативна критика, објавена во влијателниот „Варајети“, чиј автор е Џеј Вајсберг, посебно ја разбранува регионалната јавност и предизвикува бројни реакции.

Некои медиуми во Америка, пак, објавија дека заради српскиот кандидат за наградата „Оскар“, Србите и Хрватите влегле во војна на социјалните мрежи .

Според белградска „Политика“, критиките на Вајсберг, кои велат дека употребата на Јасеновац го претвора филмот во пропаганда, веднаш ги крена сите на нозе овде. Се вели дека критичките зборови се целосно несоодветни, неосновани и невистинити политички проценки и обвинувања. Тие не претставуваат критика на филмот, туку обид да се оспори правото да се зборува за Јасеновац како место на страдање за српскиот народ.

Режисерот на филмот Предраг Антонијевиќ, текстот на Вајсберг го нарече обичен памфлет, додека компанијата „101 Студио“, американскиот дистрибутер на „Дара из Јасеновца“, најави одговор на критиките од страна на „Варајети“, во форма на получасовен филм, во знак на сеќавање на жртвите од логорот Јасеновац, кој ќе биде достапен на платформата за трејлерите на „Apple“, која секојдневно ја посетуваат милиони гледачи од целиот свет.

За воља на вистината, треба да се каже дека на бројни други филмски страници, иако не толку влијателни, темата на филмот е пречекана со одобрување, додека на веб-страницата LRMonline.com стои:

„Неверојатно е дека 80 години подоцна сè уште слушаме приказни од холокаустот. И секоја од нив е шокантна.“

Истиот ден кога беше објавена критиката на Вајсберг, филмот доби неколку лоши коментари на IMDb, со најнизок рејтинг од тие корисници (единица).

Кога информациите за тоа почнаа да се споделуваат на социјалните мрежи, некои Срби заклучија дека Хрватите намерно го рушат рејтингот на филмот, па затоа почнаа да ги повикуваат своите сонародници да му дадат што е можно повисок рејтинг на филмот, проследен со десетки. Тоа потоа доведе до оценка над девет, иако филмот не го гледаа…

По критиките на Вајсберг, американскиот „Варајети“ објави листа на свои фаворити за „Оскар“ во категоријата за најдобар странски филм. Таму нема српски филм во топ 20, додека е на високо второ место, е „Quo vadis Aida“ за злосторствата во Сребреница.
„Дара из Јасеновца“ е на 21-то место.


Српските филмски критичари засега молчат за филмот. Одговорот на сите е ист – не го гледаа филмот. Телевизиските права за „Дара из Јасеновца“ ги откупи националниот српски радио-дифузен сервис РТС, кој ќе го емитува веднаш откако ќе помине неговото прикажување во кино-салите.

Премиера на „Дара из Јасеновца“ во Белград е закажана за 22 април, по што филмот треба да се прикажува во кината низ Србија.

Сценариото на филмот се базира на автентични сведоштва на преживеани од логорот. „Дара из Јасеновца“ е првиот игран филм за најголемиот усташки логор во Втората светска војна и се навраќа на периодот во 1942 година кога, по големата усташко-германска офанзива на Козара, локалното население завршува во концентрационите логори…

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.