Шта је са временом?
Природа штрајкује.
Шта је са људима?
Нико не смеје се…

Вака пееше Влатко Стефановски во песната „Чекам кишу“, на албумот на Леб и сол „Као какао“ (1987).

И Рибља чорба истата година на албумот „Ујед за душу“ во песната „Црвена су дугмад притиснута“ испраќаше слична порака – дека доаѓа време на катастрофи од невидени размери.

Па не џабе и Бреговиќ, една година подоцна, на обвивката од последниот албум на Бијело дугме „Ќирибирибела“ ја стави култната слика „Ноевата барка“?!

За глобалната штета од загадувањето на воздухот колегата Бране Стефановски пишуваше во анализата „Балканскиот“ воздух – заеднички ресурс, објавен на „Анторис“ на 6-ти април.


Денес, кога ножот е „до коска“, во Србија се подготвуваат на востание. Еколошко. И Тоа во Белград, на 10-ти април.

Ниту едно востание до сега не се крена во главниот град на Србија, но сега тоа ќе се промени. Главни актери ќе бидат еко-ајдуци, кои малку го поместија својот собир, затоа што поради се поочигледното влијание на климатските промени, убавото време пристигнува порано, па наместо на 6 мај, тие ќе се соберат  на 10 април. Еколошко востание почнува во 13 часот на пред Народното собрание.

Протестот го организира здружение Да ги одбраниме реките на Стара планина, поради голем број еколошки проблеми што го загрозуваат здравјето на луѓето и животната средина.

Исто така, многубројни претставници на организации од регионот ќе бидат на протестот.

Својата подршка ја упати и музичарот Дарко Рундек, некогаш лидер на Хаустор, кој последниве години сериозно се занимава со еколошките проблеми и будење на свеста кај луѓето дека немаме резервна планета.

– Сега, за жал, мораме да се бориме за воздух, земја и вода. И, законот за зачувување и опоравување на природата мора да биде над сите закони. Во Белград на 10-ти април идеме сите. Тоа е востание на сите држави во регионот. Напред наши! – кажа во својот повик Дарко Рундек.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.