Време на глобална пандемија нема да попречи да се снимаат филмови. Некои од нив веќе добија државна пддршка.

Филмовите “ДЈ Ахмет“ на режисерот Ѓорги Унковски во продукција на „Футура синема“ и „Потстанар“ на Марко Ѓоковиќ во продукција на „Сектор филм“ од Агенцијата за филм се финансирани со по 23,5 милиони денари. Се работи за долгометражни играни филмови со македонски мнозински удел.

Исто така поддршка добија и три долгометражни филма со македонски малцински удел и исто толку долгометражни документарни филмови со македонски мнозински удел, но и девет краткометражни играни филмови. За овие проекти вкупно се издвоени 75.7 милиони денари.

Резултатите се од конкурсот објавен во август минатата година, на кој аплицираа вкупно 51 проект, од кои 33 долгометражни (играни, документарни и анимирани) и 18 краткометражни (играни, документарни и анимирани).

На овој конкурс се одлучуваше и за поддршка на домашните филмските фестивали, а ќе бидат реализирани 20 фестивали меѓу кои се: ИФФК „Браќа Манаки“, „ЕХО Фестивал на планински филм“, „Синедејс“, „ОДА Тетова итернатионал филм фестивал“, „Филозофски филмски фестивал“, „47 Државен фестивал на непрофесионален филм“, „Џифони Македонија“, „Македокс“, „Златно тркало“ и други.

До крајот на месецов завршува рокот за аплицирање на мартовскиот конкурс за поддршка на проекти.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.