Инвеститорите полесно до државна помош со поддршка од Делегацијата на германското стопанство. Таа им нуди поддршка на странските и домашните инвеститори за полесно да дојдат до државната помош преку правење анализи на македонските закони. Воедно обезбедува и советување за приватно финансирање од регионални и меѓународни донатори.

Инвеститорите полесно до државна помош со поддршка од Делегацијата на германското стопанство

-Со цел како на странските, така и на домашните компании инвеститори да им се овозможи полесен пристап до државната помош која ја нуди Владата за нови инвестиции, нашата канцеларија нуди анализа на македонските закони за државна помош. Покрај анализата која ја вршиме за секоја компанија засебно, проценувајќи ги можностите за државна помош во однос на инвестицијата која ја планира компанијата, нудиме и советување за приватно финансирање од регионални и меѓународни донатори, вели директорот на Делегацијата, Патрик Мартенс.

Мартенс воедно информира дека Делегацијата ја спроведе петтата обука на обучувачи за дуално образование со германски експерт. Со тоа, како што соопшти, досега се обучени и сертифицирани околу 50 компаниски обучувачи по германски стандарди.

-Покрај пандемијата со корона вирусот, дуалното образование во земјата и натаму успешно се имплементира. Притоа, од страна на компаниите се применуваат сите здравствени и безбедносни протоколи.

Во наредните недели практичната обука на ученици треба да почне и кај нашите компании-партнери од Прилеп – „Витаминка“, „ВИК“ и „Гентерм“, наведува Мартенс во соопштението до медиумите.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.