„Ист гејт мол“ очекува 12 милиони посетители за првата година. Од наесен, Скопје го добива „Ист гејт мол“, кој ќе биде најголем од ваков вид во регионот. Модни брендови, игротека, кино сали, ресторани, салони за мебел и бела техника распослани на 57 000 метри квадратни. Инвестицијата ќе чини 103 милиони евра.

За само една година, предвидувањата на менаџментот се дека ќе успеат да привлечат до 12 милиони домашни и странски посетители. За процесот на градба кој се уште тече, брендовите кои ќе бидат присутни за потрошувачите, но, и за колку време очекуваат поврат на инвестицијата, разговаравме со Игор Давков, генерален меџанер на компанијата во „Скопје ист гејт“.

„Ист гејт мол“ очекува 12 милиони посетители за првата година

 Трговски центар адаптиран за секоја ситуација

Отворањето на „Ист Гејт Мол“ се најавува за оваа есен? Дали пандемијата со ковид-19 би можела да ги помести плановите и пролонгира рокот?

– „Ист Гејт Мол“ се отвора на есен за посетители. Научивме да работиме во условите кои ги наметна пандемијата и тоа е „новата нормала“. Со адаптирана методологија со онлајн алатки преку кои тимски можеме да бидеме во тек со сите активности. Но, и да бидеме физички присутни на градилиште со заштитна опрема за да го следиме прогресот на градбата.

Го следиме текот на пандемијата и ги следиме мерките во целост. Безбедноста, удобноста и комфорот се адресирани во aрхитектурата и инфраструктурата на трговскиот центар.

„Ист Геј Мол“ е граден според најнови меѓународни стандарди. Ги имплементиравме сите достапни механизми со цел да го адаптираме трговскиот центар за која било ситуација и да овозможиме заштита и комфор за посетителите. „Ист Гејт Мол“ е подготвен да ги почитува сите мерки што ќе ги препорачаат регулаторите и здравствените институции. Со новите VRV-системи на вентилација, со антибактериски филтри кои обезбедуваат свеж доток на воздух, се овозможува високо ниво на заштита и висок степен на комфор и безбедност за посетителите.

За секоја инвестиција, во принцип постои анализа за времето кога би се вратила. Кои се вашите предвидувања?

– Периодот за поврат на инвестицијата зависи од повеќе фактори, како и да е проекциите кои ги имаме укажуваат дека повратот на инвестицијата е во рамки на вообичаениот период на поврат за слични типови на вложувања во комерцијални недвижнини.

 

Над 90 проценти- веќе издаден

Со оглед на тоа дека „Ист Гејт Мол“ ќе биде најголем по површина во регионот, имате ли проекции за тоа колку домашни, а колку странски посетители би можеле да се очекуваат во период од една година?

– „Ист Гејт Мол“ ќе биде најпопуларното место за посета. Проценуваме дека околу 10-12 милиони луѓе ќе го посетат центарот во првата година од отворањето. Од нив минимум 20 отсто ќе бидат странски посетители. И тоа туристи, патници, транзитери кои го користат коридорот А1 и Е75.

Колку од просторот досега е веќе закупен? 

– Во моментов трговскиот центар е издаден над 90 проценти. До отворањето есенва, очекуваме да стигнеме над 97 отсто од вкупната закупена површина. Најголемите површини на трговски единици поголеми од 500м2 се веќе издадени. Двата доминантни модни синџири закупуваат 26,3 отсто од целата површина во центарот. Тоа се големите анкори Индитекс со целото портфолио (ZARA, ZARA HOME, MASSIMO DUTTI, BERSCHKA, PULL AND BEAR, STRADIVARIUS, OYSCHO) со вкупна површина од 8.400м2. А вториот е ЛПП со сите пет бренда (RESERVED, MOHITO, CROPP, HOUSE, SINSAY) со вкупна површина од 6.800м2.

Модните содржини се доминантни и се простираат на повеќе од 50 отсто, а забавните содржини ќе окупираат скоро 20 проценти од површината на целиот трговски центар.

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.