Повеќе од 130 актери учествуваа во големиот проект за снимање на серијата „Александар од Југославија“, историски спектакл во режија на Здравко Шотра, работена според истоимениот роман на Вук Драшковиќ.

Серијата, која ќе има 15 епизоди, го опфаќа историскиот период од 1918 до 1934 година, односно од создавањето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, кое ќе стане Југославија во 1929 година, до 1934 година, кога се случи атентатот врз кралот Александар во Марсеј.

Улогата на кралот Александар ја толкува Љубомир Булајиќ, а на кралицата Марија – Тамара Алексиќ.

Во актерската екипа се и Ирфан Менсур, Петар Стругар, Бранислав Лечиќ, Жарко Лаушевиќ, Воја Брајовиќ, Никола Којо, Горан Сушљик, Слобода Миќаловиќ, Нада Маканковиќ, Наташа Нинковиќ, Нела Михаиловиќ, Даница Максимовиќ, Аница Добра, Јелица Сретеновиќ.

Првиот трејлер ветува успех, во кој ќе уживаат сите кои можат да ја следат програмата на ТВ Нова С.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.