JYSK за своите производи ќе користи одржлив (органски) памук. JYSK објави дека до крајот на 2024 година, целиот памук што се користи за производство на текстил ќе се рециклира или произведува на поодржлив начин. Имено, JYSK долги години се обидува да го намали негативното влијание врз животната средина преку својата деловна активност.

JYSK за своите производи ќе користи одржлив (органски) памук

Фотографија:Morten Møller Rehné

Една од работите на кои се фокусираат се суровините што ги користат. Многу производи од JYSK се изработени од природен материјал– памук со многу добри квалитети.

Меѓутоа, кога е во прашање памукот, постојат многу предизвици. Тргнувајќи од традиционалното одгледување, кое бара големи количини на вода и пестициди, па се до тоа дека тие се штетни за животната средина. За среќа, постојат подобри и поодржливи начини на одгледување памук.

„Во JYSK, сме посветени на набавката на 100 проценти поодржлив памук за сите текстилни производи до крајот на 2024 година. Под поодржливо, мислиме дека памукот мора да биде органски, рециклиран или произведен преку програмата за иницијатива за подобар памук “, вели Rune Jungberg Pedersen, директор за комуникации и општествена одговорност на компанијата JYSK.

Што е иницијатива за подобар памук?

JYSK е член на Иницијативата за подобар памук (BCI), што е најголема иницијатива во светот за поодржлив памук. BCI ги поддржува полјоделците на памук во постигнување на поодржливо производство со поголем принос.

Преку Иницијативата повеќе од два милиони производители на памук се обучени како да користат помалку вода и помалку пестициди. Обуката исто така вклучува социјални аспекти, како што се соодветни услови за работа.

Фотографија: BCI/Khaula Jamil

Памукот во производите на JYSK, меѓу другото, потекнува од Пакистан. Во Пакистан, во сезоната на памук од 2018 до 2019 година, била спроведена обука за земјоделци на БЦИ. Практично земјоделците по обуката во просек користеле 15 проценти помалку вода за одгледувањето на памук од просечниот земјоделец кој не бил од BCI.

Во исто време, тие добиле просечно 11 отсто повисоки приноси во споредба со земјоделците кои не ја посетувале BCI.

Промена на секторот на глобално ниво

Целта на BCI е да го промени начинот на производството на памук на глобално ниво. Очекува на долг рок целиот памук да се произведува на поодржлив начин.

Инаку според „Иницијатива за подобар памук“ под памучни производи,  се опфатени сите производи во чиј состав памукот сочинува најмалку 80 проценти од нивната тежина.

„Поставувајќи цел за поодржлив памук, JYSK придонесува кон промена за подобро и поодговорно производство на памук. Тоа е нешто со што сме горди”, вели Рун.

Здравствена безбедност и контрола

BCI работи со контрола и здравствена исправност според принципот наречен „Mass-Balance“. Тоа е начин да се следи вкупната светска количина на памук со BCI сертификат (наречен Better Cotton), дури и ако „Подобриот памук“ не е физички исправен од полето до крајниот производ.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.